150
20 shares, 150 points

Велика Британија очекува бројот на електрични и плагин-хибридни автомобили во земјата да надмине 100.000 примероци до средината од годинава. Владата субвенционира до 35 проценти од крајната цена на овие возила, односно учествува со најмногу 4.500 фунти.

Во минатата година Велика Британија регистрираше за близу една третина повеќе возила со електрифицирана погонска спрега, односно електрични и плагин-хибридни возила, отколку преклани. Рекордни 39.607 возила се продадоа во островската земја лани.

Заслуга за динамичниот пробив на електромобилноста има и зголемената понуда од модели, вкупно 35, што е четирипати повеќе отколку во почетокот од деценијава. Годинава се очекува понудата да се збогати со нови модели. Секако дека најголемо влијание имаат дарежливите државни субвенции за набавка на возила со чистиот погон, привилегиите во возачкото секојдневие и растечката инфраструктура од полначи.

http://automedia.mk/objavi/26284

Од година во година, бројот на електрични автомобили се зголемуваше постојано и Британија очекува дека веќе кон средината од 2017 година нивниот број ќе надмине 100.000 возила. Особено голем интерес постои за плагин-хибридните возила, чијашто продажба лани се зголемила за 42%. Најпопуларни во овој сегмент се Mitsubishi Outlander PHEV, Volkswagen Golf GTE и Audi A3 Sportback e-tron.

https://www.youtube.com/watch?v=7o-OxidjaVw

Електричниот возен парк во земјата моментно брои 87.158 возила. Британската влада уште од 2011 година го субвенционира купувањето електрични и плагин-хибридни возила.

Висината на субвенцијата се одредува според 4 категории на возила:

Категорија Емисија на CO2 Досег при возење на струја Субвенција Највисока субвенционирана сума
1 Под 50 g/km Најмалку 70 милји (112 km) 35% од цената £4,500
2 Под 50 g/km 10 до 69 милји 35% од цената £2,500
3 50 до 75 g/km Најмалку 20 милји 35% од цената £2,500
Доставни возила Под 75 g/km Најмалку 10 милји 20% од цената £8,000

Субвенцијата не важи за возила со набавна цена повисока од 60.000 фунти (BMW i8, Mercedes-Benz S500 Hybrid, Porsche Panamera S E-Hybrid

Возила од 1-ва категорија

BMW i3, BYD e6, Citroen C-Zero, Ford Focus Electric, Hyundai IONIQ Electric, Kia Soul EV, Mahindra e20, Mercedes-Benz B-Class Electric Drive, Nissan e-NV200, Nissan LEAF, Peugeot iON, Renault Fluence, Renault ZOE, Smart fortwo electric drive, Tesla Model S, Tesla Model X, Toyota Mirai, Volkswagen e-up!, Volkswagen e-Golf

Возила од 2-ра категорија

Audi A3 e-tron (2016), BMW 225xe, BMW 330e, Kia Optima Saloon PHEV, Mercedes-Benz C350 e, Mercedes-Benz E350 e SE, Mitsubishi Outlander PHEV, Toyota Prius Plug-in, Vauxhall (Opel) Ampera, Volkswagen Golf GTE, Volkswagen Passat GTE, Volvo V60 D5 Twin Engine, Volvo V60 D6 Twin Engine, Volvo XC90 T8 Twin Engine

Доставни возила

BD Otomotiv eTraffic, BD Otomotiv eDucato, Citroen Berlingo, Mercedes-Benz Vito E-Cell, Mitsubishi Outlander GX3h 4Work, Nissan e-NV200, Peugeot ePartner, Renault Kangoo ZE, Smith Electric, Smith Edison


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
20 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743