170
22 shares, 170 points

Возачите што умеат да уживаат во возењето, неретко помислуваат и на следното ниво, да си обезбедат дозвола за возење камион. Една школа за обука на возачи на камион во германскиот град Ибенбирен има понуда што не се одбива: Обука со Mercedes Actros од најновата генерација.

Возачите на камион се дефицитарен кадар и школите за возачка обука добиваат големо значење во привлекувањето нови професионални возачи. Една автошкола од германскиот град Ибенбирен буквално го разбира „привлекувањето“: Возачката академија Минстерланд го има комплетно новиот Mercedes-Benz Actros како возило за обука.

Зависно од обуката, за категориите C или CE, „школскиот“ камион Actros 2545 може да се вози соло или со приколка. Дополнително седиште во средина овозможува инструкторот да седи блиску до ученикот и да интервенира по потреба. Секако дека во просторот за нозе во средината се поставени педали, исто како и пред десното седиште.

Возачите се одушевени од техниката во Mercedes Actros

Посебно подрачје од обуката претставува запознавањето со системите за асистенција, коишто новиот Actros ги има во изобилие и кои на идните профи-возачи ќе им помагаат во секојдневието. Секако дека во тоа спаѓа и MirrorCam, односно системот од камери место ретровизори, како и системот за полуавтоматско возење.

Во возачката школа Минстерланд годишно се обучуваат по 150 почетници возачи. Целта е да се создадат професионалци за транспортната бранша. од германската автошкола порачуваат дека само компаниите што имаат врвно квалификувани возачки и возачи зад воланот, може да бидат во состојба да понудат квалитетни услуги.

Mercedes Actros prv Worth
Mercedes Actros

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

170
22 shares, 170 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *