149
20 shares, 149 points

Maserati го заврши големото патување низ Кина долго 10.000 километри. Повод е одбележување на 15-годишнината на престижната спортска марка на кинескиот пазар.

Четириесет денови траеше своевидниот патувачки спектакл на Maserati во Кина. „Големата тура“ започна во Шангај и привлече учество на 380 возачи на Maserati. Подвигот се состоеше од четири одделни тури, со совладување на 16 планински превои и минување низ 70 градови во десет кинески провинции. Местата беа избрани посебно, затоа што кога тие ќе се спојат на карта се добива буквата М, за Maserati.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со настанот беа покриени два јубилеи: Петнаесетгодишнина на италијанската марка во Кина и воедно 105 години од основањето на марката. Четирите одделни тури со Quattroporte, Levante и Ghibli минуваа по течението на Јангце, на места го следеа Патот на свилата, навлегоа во пустината Гоби и не ги изоставија живописните предели на планинските масиви на западот на Кина.

Турата стави нагласок на долгите кинески традиции во занаетчиството, креативноста и уметноста, почнувајќи од будистичките храмови до градбите што се поврзуваат со династиите Танг или Ќинг.

Кина е одредиште и на нашите најпознати возачки авантуристи, Џоко и Горѓи, очекуваме тие наскоро да објават пристигање во земјата

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Sunday, July 14, 2019


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *