за

Москва е шестиот град што прераснува во „Audi City“

Уште една милионска метропола го вдоми дигиталниот салонски концепт на Audi. Москва е шестиот град во светот што го добива Audi City, салон во којшто целата моделска понуда на марката постои само виртуелно.

Audi го донесе својот концепт на дигитален салон во уште една милионска метропола. Во Москва започна да работи шестиот Audi City во светот. Салонот се наоѓа во непосредна близина на Црвениот Плоштад, среде врвулицата од посетители на шопинг центарот Николскаја. Намерниците во салонот можат виртуелно да ја доживеат комплетната понуда од модели на марката со четирите прстени на површина од околу 600 метри квадратни.

https://youtu.be/Jt6HV2k8pA8

На двата ката во московскиот Audi City се поставени три таканаречени „пауер-ѕидови“, на кои што клиентите можат преку стотици милиони можности за избор да го конфигурираат својот автомобил од соништата. На овие огромни дисплеи распослани по целата површина на ѕидот се прикажува слика од посакуваниот модел што е блиска до реалноста, во природен размер. Дури и најситните детали од опремата се прикажуваат со висока резолуција и максимално прецизно. За советување околу деталите и евентуално потпишување на договор стојат на располагање две одвоени простории со таблети и мултимедиски ѕид.

Прв „Град на Audi“ стана Лондон во 2012 година, а потоа следеа Пекинг, Берлин, Истанбул, а од пред неколку недели и Париз. Предноста на виртуелниот салон е во тоа што истиот не бара премногу простор и може да се лоцира на најатрактивните и најраздвижени локации во големите градови. Принципот е Audi City е едноставен: Продавачот „доаѓа“ до купувачот, место купувачот да оди кај продавачот.

[FAG id=24986]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Panamera до детал: Моторите во новиот „GT“ од Цуфенхаузен

Неколку совети за безбедно возење ноќе