119
19 shares, 119 points

Познатата тјунерска работилница Brabus, една од првите адреси за возачите на коишто AMG им е почетно ниво, има решение и за електричните автомобили. На специјалистите од Ботроп, коишто ги имаат исполнето и најнеобичните автомобилски желби на клиентите, може да им се прости за тоа што не ја менуваат моќноста од 772 КС на Tesla Model S во „неразумниот“ модус. Неразумно би било да се интервенира во подрачјето на погонот, инженерите немаат приговор за стандардната моќност на електричната лимузина од Калифорнија.

Затоа пак, најголемиот тјунер на Mercedes остава силен печат во своите останати подрачја на специјалност. За каросеријата се достапни компоненти за подобрување на аеродинамичноста – сосема очекувано, од карбон. Кованите бандажи изработени со врвна технологија мерат 21 инч во пречник, а по желба, буквално целата кабина може да се изработи во ексклузивната кожа што ја набавува германскиот тјунер.

Незабележливите, но функционални каросериски додатоци се „заштитен знак“ на Brabus

Специјални додатоци во страничните отвори за воздух го подобруваат и струењето на воздухот кон системот за ладење на електричната погонска спрега. Спојлерскиот додаток е заштитен знак на каросерискиот тјунинг на Brabus, со фунција да ја подобрува стабилноста при високи брзини. Во задниот браник е изведен дифузор, кој секако дека носи и функционална корист. Гумите со димензија 255/35 R 21 напред и 265/35 R 21 назад се најголемите што ги собира во поткрилата на Tesla Model S, без преправки во структурата или подвозјето.

Сепак повеќе импресионира изработката на кабината. Веднаш по отворањето на вратите, уште од праг пречекуваат челични лајсни со осветлено лого на Brabus. Средишната конзола меѓу седиштата е целосно преработена, со простор за клучеви, со држачи за чаша кои можат да го разладуваат или загреваат пијалакот, како и со индуктивен полнач за телефон.

По желба на клиентот, Brabus може делови од кокпитот да изработи од карбон или дрво, во секакви бои и финиши.

Извадок од ценовникот на Brabus Zero Emission за Tesla Model S

[tie_list type=”checklist”]

  • Спојлерски додаток, напред, карбон 3.796,10
  • Дуфузорски додаток, назад, карбон 3.796,10
  • Страничен натпис „Powered by Brabus“ 116,62
  • Натпис за заден капак, хромиран 83,30
  • Бандаж Brabus Monoblock Y Platinum Edition 2.130,10
  • Капи за вентил 49,80
  • Челични лајсни на прагови, дводелни, осветлени 831,81
  • Волан обложен со кожа/алканатара 1.130,50
  • Средишна конзола, ексклузивна изведба 5.771,50
  • Седишта во кожа / алкантара 8.865,50
  • Кожен под во кабина 5.355,00
  • Кожен под на багажник 5.117,00
  • Таван во алканара 2.618,00
  • Арматурна табла во кожа/ алкантара 1.785,00

[/tie_list]


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Brabus Tesla Model S

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Brabus изработи „велосипед“ за сопственици на луксузни јахти

Brabus 700: Брутален бизнис бустер

Овој мини Brabus чини колку Mercedes E-Class

Вака треба да изгледа (и вози) Mercedes E-Class според Brabus


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

119
19 shares, 119 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743