127
17 shares, 127 points

Според аналитичарите на Gartner, корејскиот производител во минатата година загубил повеќе од 20 проценти од пазарниот удел. Apple е во мал пораст, трета марка е во силен пробив.

Според податоците што ги објавија аналитичарите на Gartner, досегашниот владетел со пазарот на мобилните телефони трпи силен удар. Добивката на јужнокорејскиот производител опаѓа веќе четири квартали, а според аналитичарите се намалува и уделот на пазарот на паметни и мобилни телефони. Додека целиот пазар на паметни телефони во третиот квартал од годинава порасна за една четвртина во споредба со истиот период лани, уделот на моделите на Samsung во овој период се намали за 9 проценти. Според тоа, Samsung моментно држи 24 проценти од пазарот, додека во истиот квартал лани беа 32 проценти.

Конкурентот Apple го следи трендот со пораст од 26 проценти, додека кај Lenovo тој изнесува само 17 проценти. Најголем раст има кинескиот производител Xiaomi, којшто за една година успеа да ја зголеми продажбата за трипати и во пазарниот удел да го престигне Lenovo.

Нема промени кај оперативните системи. Android е во голема предност со преку 82 проценти, iOS е на 13 проценти. Обата система напредуваа, на сметка на Windows Phone (3% пазарен удел) и BlackBerry OS (0,4 проценти). Најголем придонес за зголемувањето на продажбата на паметни телефони имаат Источна Европа, Блискиот Исток и Африка, каде што таа забележа пораст од 50 проценти. Наспроти тоа, продажбата во Западна Европа се намали за околу 6 проценти.

Бројките сепак се однесуваат само на количината на продадени уреди. Од нив не може да се увидат добивките на одделните претпријатија. Apple не продава ниту половина паметни и мобилни телефони колку Samsung, но со нив заработува многу повеќе. Во последниот квартал Samsung постигна добивка од 1,6 милијарда американски долари во ова подрачје. Apple претвора 20 проценти од прометот во добивка, така што во третиот финансиски квартал од годинава заработи околу 5 милијарди долари со iPhone и iPad.

Светска продажба на паметни телефони на крајни корисници (Трет квартал 2014)
Производител Парчиња Удел (%)
Samsung 73,212 Мио. 24,4
Apple 38,186 12,7
Huawei 15,934 5,3
Xiaomi 15,772 5,2
Lenovo 15,011 5,0
Други 142,891 47,5
Вкупно 301,009 100,0


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
17 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743