за ,

Макпетрол се залага за метанот како ново алтернативно гориво во Македонија

Макпетрол на денешната промоција на метанот ги посочи бројните негови предности што компанијата во претстојниот период планира да ги направи достапни и за македонските возачи.

Паралелно со постојаното усовршување на конвенционалните горива, Макпетрол ја проширува и понудата од алтернативни горива во својата мрежа од станици за гориво. По биодизелот, следен предизвик на Макпетрол е промоција на метанот како ново алтернативно гориво на македонскиот пазар. „Метанот не содржи ароматски соединенија, сулфур и олово и нема потреба од негово рафинирање и адитивирање,“ посочува дел од предностите на метанот, Мишко Тасевски, раководител на маркетинг во Макпетрол.

На погодноста на метанот за одржливоста на животната средина секако дека се надоврзува и економскиот фактор. Како што наведуваат од компанијата, просечен автомобил со погон на метан  и потрошувачка меѓу 5 и 6 килограми метан, ќе извози сто километри за 170 денари, наспроти 290 денари со автоплин, односно 620 денари со бензин.

За една третина пониска работна бучава од моторот при погон на метан

Емисијата на СО2 е за 25% до 30% пониска во споредба со бензинот, без сулфур или пепел при согорувањето. Следна предност е тоа што работната бучност на моторот при погон на метан се намалува значително, за дури една третина.

„Компримираниот природен гас овозможува извонредно траење на моторот на возилото, гарантира апсолутна хомогеност на продуктивноста и константност на функционирањето на моторот, а има и пониски трошоци за одржување,“ објаснува Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Макпетрол ја воведе Македонија на мапата на земји кои имаат станици за полнење на метан на главните сообраќајни коридори, со изградбата на првата компресорска станица на коридорот 10 во Куманово. Станува збор за полнилница за компримиран природен гас, бидејќи истата е непосредно поврзана со постојниот гасоводен систем. Метанот се користи директно на самата станица за гориво, која истовремено служи и за полнење на мобилни контејнери, кои потоа се транспортираат до станиците за гориво што се оддалечени од гасоводот.

Макпетрол веќе располага со четири станици за полнење метан

Станицата за гориво на „Партизанска“, на којашто денес беше промовирано новото алтернативно гориво, претставува четврта станица каде е достапен метанот, по станицата на автопатот покрај Куманово, станицата во Влае, како и станицата во кругот на ЈСП, наменета за градските автобуси.

Макпетрол е носител на воведувањето на природниот гас како енергент во државата уште во далечните деведесети години. Природниот гас се користи како погонско гориво во индустријата, за производство на електрична енерија преку негово согорување и како енергент за загревање објекти. На глобално ниво, метанот важи како гориво на иднината.

„Вложивме во воведувањето на почетна инфраструктура за метанот како алтернативно гориво за возилата, имајќи ги предвид наведените предности. Притоа бевме потполно свесни и за тешкотиите со кои ќе се судриме, како достапноста до цевководот на природниот гас и додатните вложувања за да се достави до локации на кои им е потребен на нашите потрошувачи. Инвестиравме сопствени средства кои бавно се враќаат, но на Македонија ѝ овозможуваат стартна основа со која ќе ги исполни и барањата на ЕУ што се веќе усвоени како директива за изградба на инфраструктура за полнење на возила со ова алтернативно гориво. Со тоа ќе се реализира идејата на ЕУ, возилата кои го користат ова гориво слободно да циркулираат по територијата на цела Европа и метанот да стане одржлива алтернатива на конвенционалните автомобилски горива,“ објаснува Зоран Доневски, директор на дирекција за големопродажба.

Макпетрол и понатаму стратешки ќе работи на ширење на мрежата за полнење на возилата на метан (КПГ) во рамките на својата стратегија за ширење на примената на природниот гас како гориво на иднинината. Тоа впрочем го чувствува и како обврска кон своите потрошувачи, како лидер во воведувањето иновации на пазарот на автомобилски горива во Македонија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори
  1. МЕТАН СЕ ПРОДАВА ПО ЦЕНА ОД 110 ДЕН !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!?????????????????????????????????????????

    Цената на метанот достигна 110 ден дали постои логика за ова да возиш на метан гориво кое е со многу помала калориска моќ,да да платиш за да инсталираш систем за метан повеќе од 1500 евра и да го одржуваш тој систем а да те чини како да возиш на бензин??????????????????

    Чива е одговорноста за ова??

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Renault Zoe добива варијанта со досег до 350 километри

Beetle Dune го враќа духот на „песочното баги“