165
21 shares, 165 points

Мрежата од станици за гориво на Макпетрол достигна 125 локации низ целата територија на државата. По Пинтија, наскоро следи отворање нови станици и во близина на скопскиот аеродром и во Вевчани.

Макпетрол влегува во нов инвестициски циклус и продолжува да инвестира во сопствените капацитети со цел на потрошувачите да им овозможи нови содржини, во насока на олеснување на патувањето низ целата територија на државата. Веќе неколку денови во скопската населба Пинтија работи новата станица за горива.

Раководителот за маркетинг во компанијата, Мишко Тасевски, при отворањето на новата станица, посочи дека успехот на Макпетрол да достигне највисоки европски стандарди во трговијата со горива се должи на „постојаната тимска работа на професионалниот кадар, како и на стекнатата доверба на постојаните партнери“. Тасевски го најави и новиот инвестициски бран во проширувањето на капацитетите на Макпетрол.

Отворањето нови станици за горива на Макпетрол значи и отворање нови работни места, што претставува голем придонес во локалниот развој

По отворањето на станицата во Пинтија, следуваат уште две нови станици: Едната е лоцирана во непосредна близина до скопскиот аеродром Александар Велики , додека другата е во Вевчани. Со овие проширувања, Макпетрол го задржува приматот на најголема компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во Македонија. „Со зголемувањето на мрежата од станици за гориво на нашите верни потрошувачи им овозможиме полесен пристап и нови содржини при користење на нашите услуги. Воедно уште поголем мотив за нас како компанија беше и отварањето нови работни места на овие бензиски станици,  со што индиректно помагаме на локалниот развој и населението,“ истакнуваат од компанијата.

Близу 300 милиони денари инвестиција во трите нови станици за горива

Станицата во Пинтија е 125-та во синџирот на Макпетрол, располага со сите деривати и течен нафтен гас, како и со дополнителни услуги во современата продавница и во автопералната. Во бензинската станица се инвестирани повеќе од 75 милиони денари, а истата ќе обезбеди 12 нови вработувања.

„Во интерес на непречено снабдување на потрошувачите со квалитетни горива започнавме со изградба на уште две бензински станици, едната во близина на аеродоромот Александар Велики, а другата во Вевчани. Овие две инвестиции се во вкупна вредност од 210 милиони денари“, посочи Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Како компанија којашто општествената одговорност ја чувствува како должност кон населението, Макпетрол во изминатиот период беше фокусиран и кон соработката со локалното основно училиште Рајко Жинзифов, кое се наоѓа во близина на новата бензиска станица во населбата Пинтија. Училишниот хор го одбележа отворањето на станицата со песната „Насмевни се“, создадена наменски како насловна музика на ТВ-спотот на Макпетрол.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
21 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730