178
23 shares, 178 points

Водечката компанија во дистрибуцијата на горива го претстави иновативниот систем Ултраматик, кој самостојно ги препознава возилата, точно го следи секое полнење на резервоарот и овозможува прецизен увид во потрошувачката на гориво за компаниите со голем возен парк.

Макпетрол веќе ја воведува следната иновација во својата мрежа од станици за гориво. Ултраматик пристига премиерно во Македонија, како систем за автоматско препознавање на возила, со цел да се овозможи точно следење на извршените полнења во возилата и на нивната потрошувачка на гориво.

„Спроведувајќи ги своите програми, Макпетрол секогаш ги става потребите на клиентите на врвот на приоритетите, па затоа создадовме производ што дава значителни придобивки, овој пат, за своите деловни партнери – иматели на возен парк за службените возила“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Зоран Доневски: „Со вградувањето на овој систем, преку приемниот безжичен уред за препознавање ќе им овозможиме на корисниците да добиваат во реално време податоци за тоа какво гориво е ставено во возилото, на која бензинска станица, во кое возило, точната количина на горивото и сметката за платеното гориво.“
Зоран Доневски: „Со вградувањето на овој систем, преку приемниот безжичен уред за препознавање ќе им овозможиме на корисниците да добиваат во реално време податоци за тоа какво гориво е ставено во возилото, на која бензинска станица, во кое возило, точната количина на горивото и сметката за платеното гориво.“

Системот користи напредни технологии за брзо, функционално и транспарентно управување и известување, кој им овозможува на компаниите контрола на сите активности поврзани со полнењето на гориво во возилата од сопствената флота. Како што објасни Зоран Доневски, директор на дирекција за големопродажба, „Ултраматик претставува автоматски систем за полнење гориво кој вклучува и надворешно плаќање на наполнетото гориво во возилото преку електронско препознавање на возилото и конкретниот автомат за гориво на бензинската станица.“

Со вградувањето на овој систем, преку приемен безжичен уред за препознавање им се овозможува на корисниците во реално време да добиваат податоци за тоа какво гориво е наполнето во возилото, на која бензинска станица, во кое возило, како и за тоа колку точно гориво е наполнето и колкава е висината на сметката за гориво. Преку овој систем, клиентите ќе можат да управуваат со флотата, да вршат непосредна контрола на наточеното гориво во возилата како и да вршат on line плаќање.

„Овој систем е инсталиран и јасно означен на 29 бензински станици, внимателно избрани од наша страна за да овозоможиме оптимален пристап на нашите потрошувачи на цела територија на Република Македонија. Самите уреди се јасно означени така што возачите уште на самиот влез на бензинската станица имаат јасен патоказ. Ултраматик системот гарантира дека секогаш ќе биде наточено гориво со врвен квалитет, точна количина и секако гаранција дека е наточено во вистинското возило.“- додаде Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

178
23 shares, 178 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *