174
22 shares, 174 points

Новата Opel Insignia синоќа доживеа спектакуларна промоција во Скопје. Тоа што во себе го носи новата генерација на знаменосецот на Opel најавува негово враќање меѓу водечките бизнис лимузини. Insignia не беше единствениот модел со премиера.

За премиера на Opel Insignia на овие простори ништо не може да биде претерано. Во генот на најрепрезентативниот модел од Риселсхајм се „потпишани“ имиња како Ascona, Vectra, а според редот на околностите и на Senator. Сиве икони на четири тркала оставиле траги во автомобилската култура во поширокиот регион, како автомобили од соништата, од оние остварливите.

Opel Insignia, македонска премиера

Затоа не е претерано кога Opel приредува врвна свеченост во чест на пристигањето на новата генерација. Во амбиентот на ресторанот „Four“ во Градскиот парк во Скопје, синоќа се одржа националната премиера на новата Insignia, пред голем број гости, пријатели на марката и новинари.

Opel Insignia, македонска премиера

Г-дин Драган Ненадовиќ, директорот на Opel за Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Албанија ја најави Insignia како „автомобил кој нуди квалитети, како што се уживање во возењето, прецизност и удобност, во комбинација со супериорна изработка.“

Новата Opel Insignia е само неколку милиметри покуса од легендарниот Diplomat

И повторно, никоја пофалба не може да биде претерана за тоа што Opel синоќа го претстави за првпат пред македонската јавност. Има и добра поткрепа за тоа. Иако Opel уште пред лансирањето на првата генерација на Insignia пред десетина години најави дека се откажува од лимузините од високата класа, ова што сега се појавува под тоа име е само неколку милиметри покусо од легендарниот Opel Diplomat.

8tung! Die V8er Opel Admiral A und Opel Diplomat B sind ab heute unterwegs bei der Bodensee-Klassik.Mehr dazu hier: http://s.opel.com/92u2

Posted by Opel on Thursday, May 4, 2017

Во 1970-те години, триото Diplomat, Admiral и Commodore на моменти го засенуваше дури и Mercedes S-Class. Под хаубата на ова трио своевремено работеше V8, а сето тоа беше придружено и со соодветен луксуз. Како во Opel одново да стануваат свесни за големината на овие имиња, па новиот модел не е само Insignia, туку е Insignia Grand Sport во лимузинската изведба, односно Insignia Sports Tourer во комби изведбата.

Ценовникот за новата Opel Insignia стартува од 23.000 евра

Основниот модел со 1,5-литарски турбо-бензинец со 140 КС и ниво на опрема Insignia чини 23.036 евра, а бензинската гама ја заокружува 2.0 Turbo со 260 КС, погон на сите тркала и 8-степен автоматик, достапен само во највисоките нивоа на опрема, со цена од околу 32.000 евра. Третата погонска опција е 1.5 Turbo со 165 КС.

Дизел-понудата почнува со 1.6 CDTI со 110 КС за 24.438 евра, следи верзија со 136 КС, а потоа и две верзии на 2.0 CDTI, со 170 и 210 КС, при што најсилната изведба стандардно располага со погон 4х4 и автоматски менувач со 8 степени. Понудата од погонски единици кај комбито Insignia Sports Tourer е идентично со лимузинската изведба. Разликата во цената изнесува околу 1.600 евра.

Уште во основното ниво Insignia следуваат диодни предни светла, мултифункциски волан обложен со кожа, автоматски клима уред, радио 4.0 InteliLink и електрична паркирна сопирачка.

Основната линија потекнува од Monza Concept од Франкфурт 2013

Дизајнот потекнува од Monza Concept, прикажан на салонот во Франкфурт во 2013 година. Меѓуоскиното растојание продолжено за 92 милиметри во споредба со претходникот создава атлетска појава, во комбинација со кусите каросериски превиси напред и назад.

Insignia не беше единствениот модел на Opel што се подготвуваше за македонска премиера. Како големо изненадување на вечерта се одржа претпремиера на кросоверот Crossland X, за веднаш потоа да следи и наградна игра. За среќниот добитник: Викенд во Охрид, нова Opel Insignia за превоз. Секако дека настанот заслужи и соодветно музичко одбележување, со Белучи квартет, со познатиот Џон Илија Апелгрин.

Opel Insignia, македонска премиера

Opel Insignia, македонска премиера

Opel Insignia, македонска премиера

Opel Insignia, македонска премиера

Opel Insignia, македонска премиера

Opel Insignia, македонска премиера

Opel Insignia, македонска премиера

Opel Insignia, македонска премиера

Opel Insignia, македонска премиера


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
22 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730