180
143 shares, 180 points

Додека нашиве еколошки „експерти“ планираат да прскаат против загадувањето, нивните колеги во поразвиениот свет преземаат конкретни мери: 30 милиони евра за вградување филтри во автомобилите.

Некаде во светот веројатно веќе почнале на големо да се шегуваат за намерата на нашите еколошки експерти да го пречистуваат отровниот воздух над цела Македонија со прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат, небаре канцерогените честички во тоа што останало како воздух се комарци, па треба прецизно да се убијат. Да не беше тоа чин на нашите омилени политичари, ќе се посомневавме дека некој сака да ни го одврати вниманието од сржта на проблемот, од расмрдените и распрдени бугарски мерцедеси што веќе десетина години ни го „подигнуваат“ квалитетот на животот.

Сепак, не, автомобилите не се тие што ја полнат државната каса со половина од цената на горивото што го трошат и исто така не се тие што мора да се одржуваат во движење за и полицајците и пајаците да можат да го одработат својот дел од должноста и да го преземаат вишокот пари од народот. Да беа виновни старите и нееколошки автомобили од по два тона, со екстремна емисија на штетни честички уште на излез од фабрика, и уште поекстремна актуелна емисија поради неможноста да се покриваат скапите трошоци за одржување, тие веќе одамна ќе беа забранети за возење или барем оптоварени со подеднакво екстремни „нееколошки“ давачки. Аналогно, старите автомобили исто така не се виновни за тоа што на нашите улици се гине петпати почесто отколку во Шведска, и повторно не се виновни за тоа што народот не јаде зелена салата доволно.

Поразвиениот свет никако да се сети да прска против невидливите, но сепак канцерогени честички во воздухот, коишто ако не предизвикаат моментна смрт, ќе доведат до трајни оштетувања во крвотокот. Германскиот Бундестаг утринава реши да потроши 30 милиони евра во 2015 година, за вградување филтри за честички чад во преостанатите автомобили и камиони што уште не го поседуваат.
Триесетте милиони евра ќе бидат искористени за субвенционирање на вградувањето на филтри за чад во автомобилите. Државата им „простува“ 260 евра на сопствениците на постари моторни возила со дизел мотор, од сметката за вградувањето на филтрите. Во 2013 година, Германија субвенционираше 150.000 возила.

Германските еколози вака го коментираат потегот на Бундестагот: „Особено нé радува тоа што повеќефракциската ‘Голема коалиција за чист воздух’ по едногодишно мирување во одржувањето на чистотата на воздухот препозна дека постои акутна неопходност од интервенирање.“ Германија, меѓу другото, може да биде санкционирана од страна на ЕУ, доколку не се придржува до Директивата за квалитет на воздухот. Значи, прскање нема. Може да има само разумни и конкретни мери, а тоа е вградување филтри, приоритетно.

Од први јануари 2005 година, утврдени се гранични вредности за честичките ПМ10 на територијата на Европа. Дневната просечна вредност не смее да го пречекори лимитот од 50 микрограми честички ПМ10 на метар кубен, повеќе од 35 денови во годината.

И повторно, да не беше тоа чин на нашите омилени политичари, некој ќе се посомневаше дека зад набавката на тони средство за убивање на нечистотијата во воздухот стои фирма блиска до некојси фиктивен режим. Исто така, ќе се запрашавме зошто народот и натаму се залажува дека загадувањето не потекнува од старите автомобили. Некој можеби ќе се запраша: „Покрај толку погодни услови за стопанисување што го привлекоа цел свет да гради фабрики во нашата држава, зошто Македонија да не ангажира некоја од овие фабрики за евтино да ни произведува филтри за честички чад за нашите бугарски мерцедеси, та конечно да почнеме да наѕираме разумен крај на сето ова … срање!

Незаменливата „Википедиа“, инаку, опишува: „Магнезиум калциум ацетат е средство за одмрзнување и може да се користи како алтернатива за зимската сол.“ Сега е веќе малку појасно, зар не?


Like it? Share with your friends!

180
143 shares, 180 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730