Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Теми

Луксузна стока вредна 1.160 милијарди евра се продала годинава низ светот

Близу половина од светскиот бизнис со луксузна стока го сочинуваат автомобилите од премиум марките

Светот годинава потрошил за 5 проценти повеќе пари за луксузна стока отколку лани. Најголем пораст има кај парфемите, облеката и накитот. Не е изненадување тоа што скапите марки од овој сектор постигнуваат половина од продажбата на премиум автомобилите.

Светскиот бизнис со луксузна стока, вклучувајќи и луксузни доживувања, годинава пораснал за 5 проценти во споредба со лани. Прометот пораснал најмногу кај луксузната облека, парфеми и накит, достигнувајќи 262 милијарди евра. Целиот луксузен сектор цвета најмногу во Европа и Азија, со пораст од шест проценти. Средниот Исток стагнира поради несигурноста околу иднината. Браншата може да се радува најмногу на тоа што расте уделот на млади купувачи. Вредноста на луксузната стока што се продала преку интернет пораснала за 24 проценти.

Луксузот повторно е на цена, откако лани беше забележан мал пад во прометот од продажбата на скапите производи. Светот купува дизајнерски производи, скапа храна и пијалоци, скапи возила и троши на скапи патувања. Годинава се продала стока вредна 1.160 милијарди евра. Рекорд.

Светот брои 7,6 милијарди жители, вредноста на продадената луксузна стока изнесува 1.160 милијарди евра. Тоа е исто како секој жител на планетава годинава да потрошил околу 150 евра на луксузна стока. Секако дека реалноста изгледа многу поразлично. Уделот на популацијата што располага со имот од преку 1 милион долари изнесува околу 0,6 проценти. Тоа значи дека 45,6 милиони богаташи годинава трошеле во просек по 25.000 евра на луксузна стока и услуги. Плус-минус тоа што нормалниот народ ќе го потроши на луксуз.

Автомобилите од премиум марките се најголемиот сектор во бизнисот со луксузна стока. Прометот пораснал за 6%, на 489 милијарди евра. На облека, кожа, козметика и накит се потрошени за 5% повеќе пари, вкупно 262 милијарди евра. Расте и интересот за луксузни доживувања, како хотели и ресторани (+4%), скапи деликатеси (+6%), вина и жестоки пијалоци (+6%). Пораст од 14% е забележан во крстосувањата од прва класа. Продажбата на јахти и приватни авиони е во благо опаѓање, додека уметничките дела стагнираат.

Прометот со луксузна стока пораснал поради зголемената продажба, не поради поскапувањата

Европа профитира многу од Кинезите коишто доаѓаат на скап шопинг на стариот континент. Во светски рамки, пак, Кинезите учествуваат со една третина од прометот со луксузна стока. Но, секако дека скапа стока се продава и во Кина.

Бизнисот не врви најдобро во Северна и Јужна Америка. Прометот таму пораснал за само 2 проценти. Со волумен од 84 милијарди евра, тоа е втор најголем пазар во светот. најголеми проблеми таму имаат трговските центри. Наспроти тоа, Блискиот Исток како некогашен рај за шопинг, стагнира поради економската неизвесност.

Најголем удел во глобалниот раст има младата популација, со дури 85 проценти. Генерациите Y (родени меѓу 1980 и 1999) и Z (од 2000) купуваат спортски обувки, дизајнерски маици и скапи јакни на интернет. Поради тоа, онлајн-продажбата цвета со раст од 24 проценти.

За следните три години се предвидува пораст меѓу 4 и 5 проценти на годишно ниво во продажбата на лична луксузна стока.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730