135
18 shares, 135 points

Неодамна промовираната луксузна подмарка DS ќе бара купувачи на големиот пазар на автомобили во Иран. Европскиот пазар очигледно се наоѓа пониско на приоритетната листа на Французите.

Првиот салон за новата француска марка DS во Иран ќе ги отвори вратите пред крајот на годинава. Во увозот и дистрибуцијата на возилата ќе биде ангажирана групацијата Arian, односно нејзиниот партнер Ati Motors со седиште во Техеран. DS во почетокот на годинава се издвои како луксузна подмарка од матичниот Citroen.

Повеќе од две третини од популацијата во Иран ја сочинуваат лица на возраст од околу 30 години. DS на овој слој на купувачи во почетокот ќе им го понуди моделот DS 5 во верзија со бензински мотор и автоматски менувач, како и моделите DS 5LS и DS 6, коишто не се достапни за пазарот во Европа. Во иднина се најавуваат и други модели од француската марка да ја дополнат понудата на иранскиот пазар на автомобили.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *