149
20 shares, 149 points

Калифорниските специјалисти за електрични автомобили развија софтвер кој овозможува возилото само да се довезе до сопственикот кога тој ќе го повика.

Tesla Motors го обнови софтверот на лимузината Model S и кросоверот Model X. Кога сопственикот преку својот паметен телефон ќе го повика возилото, истото е во состојба самостојно да се довезе до сопственикот, користејќи ги функциите на автономното возење. Покрај тоа, возилото може да испрати и наредба за отворање или затворање на гаражната врата. Паркирањето и излегувањето исто така се на списокот на импресивни можности на електричните автомобили на Tesla. Теоретски, возилата од другите марки исто така располагаат со технологија што го умее истото, но Tesla е првиот производител што навистина ги нуди овие функции во своите модели.

Според шефот, мултимилијардерот Илон Маск, ова е само мал дел од можностите на технологијата. Тој ветува дека за две години отсега, неговите автомобили ќе бидат во стостојба самостојно да совладаат и поголеми растојанија и да се довезат до сопственикот. Секако, автомобилите сé уште не можат да се качат сами на траект или да минат граница, но во огромна земја, како САД, може да се претпостави што значи поимот големи растојанија. На својот профил на твитер, Маск објаснува дека Tesla може и самостојно да запре на попатните полначи за струја, да си ја поврати енергијата. Возачите на Tesla засега ќе можат да ја користат оваа функција единствено на својот приватен посед, затоа што уште се работи за тест-верзија на софтверот.

Од друга страна, сопствениците на Tesla обично не ги следат препораките на производителот. При претходното обновување на софтверот, во минатата есен, возилата на Tesla добија нови можности за автономно возење. На YouTube веднаш потоа се појавија видеа на коишто сопствениците се снимаат како читаат весник зад воланот, сурфаат на интернет, па дури и се префрлуваат на задната клупа. Tesla пристојно им препорача на сопствениците да ги почитуваат препораките и да не го отпуштаат воланот, затоа што исто така станува збор за бета-верзија на софтверот. За тоа да се спречи, последното овнобување на софтверот доаѓа со ограничување на брзината. Автопилотот ја ограничува брзината на возење во рамките на дозволеното во населени подрачја и на местата кадешто средната линија не е обележана или е избледена.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *