Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Нови модели

Кус преглед: Сите новитети во Audi A4 и Audi A4 Avant

Бестселерот на Audi напредуваше во сите полиња и во вообичаениот промо-жаргон поставува нови стандарди во класата, со нови мотори, ново подвозје и просторна кабина. Единствено што не се промени е изгледот. Целото претставување на новиот модел на Audi можете да го прочитате тука.

Дизајн и каросерија

  • Спортски пропорции и спортска елеганција, Avant со закосени задни столбови
  • Должина 4,73 метри (+2,5 cm), меѓуоскино растојание 2,82 метри (+1,2 cm), ширина 1,84 метар (+1,6 cm), висина 1,43 метар
  • Доплата за диодни или матрични диодни светла со динамични трепкачи
  • Лесна каросерија, со тежина намалена до 15 kg во однос на претходникот
  • Најдобра вредност cw во класата: 0,23 кај лимузината, 0,26 кај Avant. Врвна аероакустика.

Внатрешност

  • Најдолга кабина во премиум средната класа (+17 mm), најголема ширина за рамена напред (+11 mm). Повеќе простор за глава напред (+24 mm), повеќе простор за колена назад (+23 mm).
  • Avant со багажник од 505 литри
  • Електрично задвижување на прекривката на багажникот во сериска опрема кај Avant
  • Дизајн на ентериер со големи декоративни површини и широка лента со отвори за проветрување. Нови бои и материјали, подобрено чувство за просторност, диодно осветлување во сериска опрема, врвна завршна изработка.
  • Најголема понуда на седишта со лесна конструкција во премиум сегментот во средната класа.
  • Нов концепт на ракување со автоматскиот клима уред
  • Доплата за диодно амбиентално осветлување со избор на повеќе бои
  • Нов концепт на опрема со линии „sport“ и “design“, за првпат со разлики во надворешноста

Ракување

  • Доплата за проекциски дисплеј и виртуелен кокпит
  • Комплетно нов концепт на ракување со MMI со слободно текстуално пребарување
  • Дополнително ракување преку мултифункцискиот волан и преку говорни команди

Инфотејнмент и Audi connect

  • Доплата за врвен инфотејнмент систем MMI Navigation plus со MMI Touch, монитор од 8,3 инчи и Audi connect, пренос LTE и WLAN-Hotspot. Доплата за Audi phone box со индукциско полнење
  • Комплетно нови услуги на Audi connect, со далечинско управување преку апликација за паметен телефон, за ракување и проверка на возилото
  • Audi smarthone interface за поврзување со мобилни телефони Apple и Android
  • Доплата за врвно озвучување Bang & Olufsen со иновативен 3D-звук и таблет за задната клупа

Мотори

  • Во почетокот на продажбата три TFSI и четири TDI, од 150 до 272 КС, моќност повисока до 25 проценти
  • Намалување на потрошувачката до 21 проценти, Audi A4 2.0 TDI ultra со нова рекордна вредност од само 3,7 литри и 95 грами СО2 на километар
  • 3.0 TDI со врвна ефикасност во два степена на моќност
  • Штедлив 1.4 TFSI како основен мотор со потрошувачка од 4,9 литри, крајна брзина од 210 km/h и забрзување до сто за 8,5 секунди.
  • Нов 2.0 TFSI ultra со 190 КС, со нова постапка на согорување и потрошувачка од само 4,8 литри, забрзување до сто за 7,3 секунди и крајна брзина од 240 km/h. Топ-верзија на истиот мотор со 252 КС, забрзување до сто за 5,8 секунди и крајна брзина ограничена на 250 km/h.
  • 2.0 TDI со 150 и 190 КС, со вртежен момент од 320, односно 400 њутнметри и потрошувачка од 3,8 литри (4,1 литри)
  • 3.0 V6 TDI со 218 и 272 КС. Со потрошувачка од 4,2 литри, послабата верзија е најефикасен шестцилиндарски мотор во светот. Топ верзијата со 600 њутнметри забрзува до сто за 5,3 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 km/h.
  • Audi Avant g-tron со погон на метан, односно со Audi e-gas од сопствено производство

Пренос на сила

  • Нови генерации на S tronic, tiptronic и мануелни менувачи. S tronic за првпат во А4 во комбинација со преден погон, обата автоматски менувачи со функција на „едрење“
  • Погон напред или quattro, со селективна распределба на вртежен момент од тркало до тркало

Подвозје

  • Ново водење на тркалата на предната и задната оска со лесна конструкција, значително зголемен комфор при нагласен спортски карактер
  • Ново електромеханичко сервоуправување, со доплата за динамичко управување
  • Систем за возна динамика Audi drive select во сериско ниво почнувајќи од 190 КС, доплата за подвозје со регулација на амортизацијата

Системи за асистенција и интегрална безбедност

  • Адаптивен темпомат со асистент за самостојно запирање и поаѓање при градски метеж
  • Асистент за ефикасно возење со предвидување на ситуацијата во возење, како дополнителна помош за штедливо возење
  • Активно следење лента со самостојно враќање на возилото при прегазување линија и систем за следење на мртвите агли
  • Помош при паркирање, предупредување за наидување возило при излегување од паркинг наназад, предупредување при излегување од возило, асистенција при влегување на кртосница, помош при избегнување пречка на патот и камера за читање сообраќајни знаци
  • Нови безбедносни системи audi pre sense sity, basic и rear
Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730