за

Купување користено возило: Листа на проверки на Automedia

Размислувате за замена на возилото, но не сте сигурни дека на пазарот на користени ќе најдете соодветна понуда на автомобил што нема да биде „мачка во вреќа“. Обидете се со нашата листа на проверки на користено возило.

„Окото купува прво“ Основното што треба да се знае е ова мото на професионалните трговци! Се разбира дека на никого не треба да му пречи тоа што сервисите со своето искуство и со специјални средства за нега вложуваат сé да ги отстранат трагите на времето. Но, беспрекорниот надворешен изглед не мора да значи дека и целото возило е во толку добро сочувана состојба. Ако тоа се изуми, изборот лесно може да се претвори во утка.

Не е лесно да се препознае автомобил со лажен сјај, односно автомобил на когошто свесно се работело да се прикријат многубројните недостатоци. Оваа листа на проверки на AUTOMEDIA ќе Ви помогне да ги препознаете сомнителните точки.

Преземете ја ЛИСТАТА НА ПРОВЕРКИ НА КОРИСТЕНО ВОЗИЛО НА AUTOMEDIA (pdf)

lista proverki koristeno 2Како да ја користите „Листата на проверки“. Не може секој и во секое време да има покрај себе стручно лице при разгледувањето на користеното возило, но затоа Вие можете да стекнете способност барем да ги исклучите понудите што се неприфатливи. Во секој случај, имајте покрај себе уште едно лице. Тука важи старата мудрост „Четири очи гледаат подобро од две“.

Листата е поделена на точки за проверка и на дополнителни забелешки. Прво прочитајте ја листата внимателно до крај и за проба проверете ја, на пример, на автомобилот на соседот или на некој пријател. Целта при разгледувањето на автомобилот за кој што сте заинтересирани не е само да се откријат одделните недостатоци, туку нашиот список повеќе има за цел да се добие целосен впечаток и за автомобилот и за продавачот.

Во продолжение следува Листата на проверки за користено возило на Automedia. Листата е составена на тој начин што во една од колоните од десната страна штиклирате соодветно на фактичната состојба, односно внесувате „точно“ доколку го откриете недостатокот или „неточно“ ако не постои недостаток. Доколку имате штиклирано повеќе точки во колоната „точно“, тогаш е подобро да го прескокнете тој автомобил. За заокружување на Вашата оцена служи завршната „Куса проверка“ на последната страница. AUTOMEDIA Ви посакува многу успех во потрагата по Вашиот следен автомобил.

 

Преземете ја ЛИСТАТА НА ПРОВЕРКИ НА КОРИСТЕНО ВОЗИЛО НА AUTOMEDIA (pdf)

ЛИСТА НА ПРОВЕРКИ НА КОРИСТЕНО ВОЗИЛО

Каков впечаток остава продавачот?

Точно Неточно
Вашата проверка на користениот автомобил почнува веќе при првиот контакт со продавачот!
При телефонскиот повик, соговорникот Ве прашува „За кој автомобил се јавувате?“
Веројатно станува збор за трговец, внимавајте ако се претставува како приватен продавач.
Името на продавачот се разликува од името во сообраќајната дозвола

Секако дека тоа е основното што треба да се провери.

Ве става под притисок: „Мора брзо да се решите“
Често користен трик на продавачите на користено возило. Во никој случај не дозволувајте да дојдете под притисок, размислете во мир, подобро е крајното решение да го одложите за следниот ден. Бидете спокојни ако возилото можеби се продаде дотогаш.
Ве зазборува постојано и Ви го одвлекува вниманието

Секако дека постојат луѓе што зборуваат многу, но можеби продавачот намерно го прави тоа. Внимателно!

Ви посочува дека во последно време се извршени многу поправки
Тоа што звучи позитивно, честопати има друга заднина. Поправката е прескапа за сопственикот и не му преостанува друго освен да го продаде возилото!
На конкретни прашања добивате банални изговори

Ако моторот стартува лошо: „Не е возен неколку денови“, ако менувачот е тежок: „Така е кај овие модели“. Продавачот нешто крие!

Непрецизни одговори на прашањето дали возилото има претрпено судир

Внимателно, тука најмногу се премолчува. Типичен изговор при тежок фронтален судир: „Го прелакирав крилото, беше малку удрено“. Вистината се дознава единствено преку сметка од сервис или процена од осигурител, иако и во тој случај е неизвесно дали поправката е извршена правилно.

Има поминато „колку што пишува на километражата“

Состојбата на бројчаникот не мора да одговара на фактичката километража. При повеќе претходни сопственици потешко се заклучува вистинската вредност.

Одбива да Ви даде писмена потврда за ветувањата

Од изјавите како „не е судирано“, „сменет мотор“, „ … ќе го поправам“, нема корист ако истите не се потврдат во писмена форма.

Одбива возилото да се однесе на проверка во сервис

Тој што не крие нема зошто да стравува од таква проверка.

Обиколка на возилото

Точно Неточно
Возилото е на ред.  Важно е да има добра дневна светлина и времето да е суво. Квалитетот на лакот, на пример, потешко се проценува кога врне.
Возилото е неизмиеноПотешко се проверува површината на каросеријата, вдлабнатините од град или некоја од следните аномалии не се препознаваат.
Спреј од лак на гумите, поткрилата, заптивките на вратите и прозорците

Пиштол или спреј за прскање се користи обично за прикривање на оштетувањата. Подалеку од таков автомобил со „лажен сјај“.

Дополнително нанесена подна заштита на праговите и др. подрачја

Омилена метода за прикривање корозија. Опасно е кога не може да се процени што се крие зад тоа.

Возилото е „тјунирано“: Спојлери, спуштено подвозје, тркачки налепнициПовеќето од тјунираните автомобили се возат поспортски, а тоа значи дека оптоварувањето и трошењето на компонентите се повисоки. Не е правило, но овие возила честопати се одржуваат нередовно. Преправките треба да се извршени стручно, а дел од нив се и недозволени. Внимателно во овој случај.
Поглед по страниците и капаците: Бранови, разлика во боја, бледи местаТоа значи дека нешто се случило: Можеби тежок судир, но можеби и обична вдлабнатина. Во секој случај е лошо ако продавачот го премолчува тоа и подобро да се побара стручно лице.
 Видлива корозија на површината на каросеријатаМоже да значи дека продавачот е искрен и не сакал да ги прикрпи недостатоците. За одредување на степенот на корозија сепак треба да се побара стручно лице. Точкестите кородирања или меурите во лакот не се безопасни и укажуваат дека корозијата веќе напредувала. При такви ошттувања обично може да се очекува напредна или тешка корозија во „невидливите“ подрачја, односно во подот и во шуплините во каросеријата.
Страниците на гумите се бојадисани со црна боја за гумиВнимателно, тука повторно станува збор за „лажен сјај“
Нерамномерна истрошеност на гумите, профилот е помал од 2,5 mmПоголемото трошење од надворешната или внатрешната страна на гумите може да произлегува од погрешно наместена геометрија на подвозјето и најдобро е истото да се провери во сервис. Ако профилот е истрошен под 2,5 милиметри, одбијте од цената или побарајте нови гуми. Тоа возило е недоволно безбедно.
Уште се монтирани зимски гуми, иако сезоната е завршена

Ништо необично, ако во багажникот има комплет летни гуми што може да се користат. Во спротивно може да се заклучи дека сопственикот сака да го сокрие лошото трошење на гумите поради недостатоци во подвозјето.

Проверка на бандажите: Оштетување од тротоар, корозија, спреј

Оштетените рабови на бандажите може да повлечат последувателно оштетување и на водењето на тркалата, односно на сферичните зглобови во управувањето, на пр. при удар во тротоар или дупка во подлогата.

Каросерија: Нерамномерни зјаеви на вратите и капаците

Обично укажува дека возилото претходно било оштетено во судир.

Светла: Удари од камчиња, пукнатини, замаглување, корозијаЗамената на светлата не е евтина.
Визуелна проверка на сопирачките дискови: Гребаници, корозија?

Ако оштетувањето произлегува од заглавувањето во сопирачките клешти, нивната поправка е скапа. Истото важи и за влажни траги во ова подрачје, на пр. од протекување на хидрауличната течност.

Проверка под возилото

Точно Неточно
Како изгледа оздола? За темелна проверка сепак е потребна платформска дигалка. Ако имате утврдено недостатоци во претходните точки, очекувајте дека нешто не е во ред и оздола. Понесете џебна светилка и користете ги патосниците од возилото како подлога.
Подрачје на мотор/менувач: Капки масло оздола или на подотВообичаена слабост кај користените возила, во тој случај треба да се смета на скапи трошоци за поправка.
Под/поткрила: Траги од поправкаЗаштитата на подот е обновена по целата површина или на некои места (различна структура или боја)? Прикривањето на штетите во овие подрачја е опасно! Ако воочите траги од заварување, неопходна е помош од експерт.
Корозија од долната страна на вратите и задниот капак

Честопати е недостаток и кај добро одржуваните автомобили.

Простор за мотор

Точно Неточно
  
Сé е како ново (Моторот е измиен, восочна заштита)Остава позитивен впечаток, но од друга страна може да ги „сокрие“ местата што протекуваат. Внимателно во овој случај!
Корозија (преодното подрачје кон крилата и околу акумулаторот)Ако има корозија тука, обично следува скапа и сложена поправка. Ако е заварувано, побарајте процена од експерт.
Траги од лак во спрејОбид да се прикрие штетата. Строго внимателно!
Белешка од замена на маслото: Километража?Нема логично поклопување со километражата во таблата со инструменти.
Нивото на течност за ладење не е во ред?Дополнувањето течност не е решение. Може да е знак за дефект.
Мерач за масло: Ниво под минимум / маслото е црноПотребно е масло во моторот? Побарајте продавачот да потврди писмено колкава е потрошувачката на 1.000 km (над 1 литар е критично). Кога последен пат е заменето маслото?
Сад за течност за сопирачки: Нивото не е во ред?Во тој случај, дотурањето исто така не е решение и обично е потребна скапа поправка. Истото важи и за садот за сервоуправувањето.
Автоматски менувач: Ниво на масло не е во ред? (проверка при вклучен мотор)Неопходна е дијагноза во сервисна работилница.
Се препознава протекување на маслото (мотор, менувач, управување)Зависно од оштетеното место, поправката може да биде мошне скапа, точната вредност ќе ја одреди само сервисната работилница.
Скинати манжетни на управувањето и погонските оскиВидливо и за нестручно око. Проверете како изгледа набраниот дел од заштитната гума. Незаштитеното подрачје се оштетува од нечистотија, губиток на масло – поправката е скапа, поради сложената работна интервенција.
Стартувајте го моторот: Шумови?Дали произлегува од самиот мотор или од издувот, алтернаторот или пумпата за вода: Разликата меѓу обични и невообичаени звуци тешко се распознава за нестручните лица. Ако се двоумите, побарајте совет од експерт.

Патничка кабина / багажник

Точно Неточно
 
Мирис на застоено / влажен патос / кородирани местаЗнак дека каросеријата протекува. Дури и самото барање на причината може да е сложено, а со тоа и скапо. Подолготрајното дејство на влагата предизвикува корозија.
Возачкото седиште е пропаднато, облогата е истрошена, се клати

Невообичаено ако продавачот тврди дека возилото има изминато помалку од 100.000 километри.

Безбедносни ремени: Тешко одат, искинати се или разјадени

Исто така е знак на долготрајно користење. Замената не е евтина.

 

Пробно возење

Точно Неточно
Завршниот момент на Вашата процена: Пробното возење. Однесувањето на автомобилот мора да се оцени субјективно, „по чувство“. Тоа бара долга возачка пракса и место возачките почетници е подобро да го направи искусен возач. Побарајте улици без густ сообраќај, излезете и на отворен пат, затоа што некои недостатоци се покажуваат само при повисоки брзини и повисоки вртежи на моторот.
Менувачот има тешки и гласни одови
Невообичаени звуци (прозорецот да биде отворен): Мотор, менувач, издув
Со волан до крај при бавно возење: Тропање (погонски оски, лежишта)
Моторот не стартува веднаш, работи нерамномерно, задоцнето реагира на гас
Возилото не реагира спонтано на вртењето на воланот
Возилото / управувачот вибрира (обично над 80 km/h)
Возилото не држи правец на рамен пат
Сопирање: Возилото губи правец, се слуша гребење
На нерамен пат: Тркалата скокаат, возилото се изместува во свијоци(амортизерите се истрошени)
Проверка под просторот за мотор: Капе масло?
Бандажите се врели? (механиката на сопирачките има тешки одови)
 

Куса проверка

Точно Неточно
 Сакате уште еднаш да добиете целосен впечаток? Или имате поголемо искуство и „вообичаената“ листа на проверки Ви е добро позната? Во тој случај користете ја следнава листа!
 Каросерија:
Лак на гумите, заштита за подвозје (на пр. на поткрилата), заптивките?
Поглед по страниците/капаците: Бранови, разлика во боја, корозија, бледо?
Дополнителна заштита за подвозје на праговите, рабовите на крилата?
Нерамномерни зјаеви меѓу вратите / капаците и каросеријата?
Светлата и светлосната сигнализација не работат правилно?
Предни светла / задни светла: Удари од камчиња, пукнатини, замаглување?
Ветробран: Удари од камчиња, гребаници, пукнатини?
Гуми: Профил под 2,5 mm; Нерамномерна истрошеност на профилот?
Сопирачки дискови: Жлебови, корозија?
Простор за мотор:
Протекување масло, течност за ладење?
Прелакирање / корозија?
Половите на акумулаторот се оксидирани?
Нивото на масло / течност за сопирачки / течност за ладење не е во ред?
Оштетени гумени манжетни на погонски оски / управување?
Невообичаени звуци при работата на моторот?
Багажник:
Прелакирање / корозија?
Влажност под подните облоги?
Недостига резервното тркало / дигалка за возилото?
Под возилото:
Траги од поправка / се воочува корозија?
Мотор, менувач, диференцијал: Протекува масло?
Издувниот систем не изгледа / не звучи нормално?
Амортизери: Протекува масло?
Водењето на тркалата / подвозјето не е во ред?
Долната страна на вратите / капаците: Корозија?
Напојување со гориво / сопирачки: Траги од влага?
Кабина:
Бришачи / греење / вентилација не работат правилно?
Електриката на ретровизорите и на прозорците не работи правилно?
Седиштата се клатат и местењето е тешко?
Безбедносните ремени се оштетени и не се намотуваат правилно?
Подните теписи се влажни?

 

Преземањето на содржината на оваа листа на проверки во целост или делумно е забрането и подлежи на авторски права. AUTOMEDIA © јануари 2015

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toshiba се повлекува од глобалниот пазар на телевизори

Теренец на база на VW Polo доаѓа во 2016