за

Дури 44% од купувачите на автомобил слушаат совет од пријател

купување автомобил интернет

Улогата на дилерите на автомобили се менува. Повеќе од 25% од купувачите во следните години ќе ја извршуваат целосната постапка на купување преку интернет. При изборот на автомобил, дури 44% од купувачите низ светот се раководат според советите од пријатели, роднини и колеги.

Дигитализацијата го освојува синџирот за продажба на автомобили. Речиси половина од купувачите на автомобил низ светот го започнуваат барањето на својот следен автомобил на интернет. Две третини решаваат околу марката, моделот и ценовната рамка уште пред да влезат во продажен салон. Дилерите добиваат на значење дури во завршната фаза, кога треба да се направи тест-возењето, конфигурирањето на возилото и нарачката. Во процесот на купување, клиентите посетуваат најмалку четири онлајн и офлајн канали. Тоа го покажува студијата на компанијата „Бејн“, во којашто учествуваа над 5.000 купувачи на автомобили во Велика Британија, Германија, Кина, САД и Индија.

Креаторите на студијата укажуваат на неопходноста од обемно инвестирање во таканаречените омни-канали, за купувачите да можат паралелно да ги користат дигиталните и традиционалните канали. Во среднорочна временска рамка, дилерите на тој начин би можеле да заштедат до една петина од трошоците за продажба и маркетинг.

Купувачите на нов автомобил во просек го посетуваат дилерот 2,4 пати. Тука се донесуваат најважните одлуки, како што е завршната конфигурација на возилото. Според студијата, купувачите преферираат изборот на моторот, бојата, опремата и сл. да го направат во продажните салони, место да ги користат фабричките вебсајтови или апликациите. Најважното е сепак тест-возењето, коешто е достапно само кај дилерите.

За секој трет купувач на автомобил се најважни оцените што постоечките сопственици ги објавуваат на социјалните мрежи

Состојбите се сменети драстично при собирањето информации. Совети од пријателите, семејството и колегите се решавачки за изборот на возило за 44 проценти од купувачите. За една третина од купувачите на нов автомобил, најважен критериум се оцените и критиките што постоечките сопственици ги објавуваат на социјалните мрежи. Покрај тоа, две третини од купувачите ги имаат избрано марката, моделот и ценовната рамка уште пред да појдат во продажниот салон. За 26% од купувачите, салонот и натаму е најважната алка при изборот на автомобил.

купување автомобил интернет 2

Студијата заклучува: „Огромното значење на личните препораки при изборот на автомобил покажува дека автомобилските марки мораат да се погрижат навистина да ги одушеват своите клиенти, да ги освојат како вистински промотори и да ги задржат.“

Огромното значење на личните препораки при изборот на автомобил покажува дека автомобилските марки мораат да се погрижат навистина да ги одушеват своите клиенти, да ги освојат како вистински промотори и да ги задржат.“

Моментно само два проценти од автомобилите низ светот се купуваат целосно преку интернет, вклучувајќи го потпишувањето на договорот и плаќањето. Експертите на компанијата предвидуваат дека во следните години уделот на комплетни онлајн-продажби ќе се зголеми на најмалку 25 проценти. Како некои компании веќе наголемо ги применуваат новите начини на продажба може да се погледне на вебсајтот на Carvana.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автомобили милион примероци ford f-150

Само три автомобили имаат станато „милионери“ за една година

Toyota Century III

И Toyota има свој „ролс-ројс“ во Јапонија