за ,

Критична маса в среда има „Визија за Македонија на точак“

Утре на 30-ти ноември во Скопје ќе се одржи 55-та Критична маса. Во екот на предизборните кампањи, организацијата посочува дека велосипедот и неговата улога во надминувањето на екстремното загадување на воздухот и сообраќајниот метеж отсуствува речиси целосно во програмите на политичките партии. НаТочак сето тоа го срочи во порака до политичарите насловена „Визија за Македонија на точак“.

Утре на 30-ти ноември, организацијата НаТочак ја одржува 55-та Критична маса. Почетокот на собирот во Скопје е закажан за 17.30 часот на Плоштад Македонија, крајното одредиште е пред Фонтана во Градски Парк. НаТочак е следниот општествен субјект што искачува зачуденост од игнорирањето на велосипедот и воопшто на достапните решенија за надминување на еколошките проблеми, во програмите и настапите на политичките партии во пресрет на парламентарните избори. Локалните организации во Скопје, Битола, Прилеп, Гостивар, Тетово, Струмица и Штип за таа цел испратија порака до политичките партии насловена „Визија за Македонија на точак“.

Велосипедот е најдостапно решение за надминување на проблемите од сообраќајот

НаТочак воопшто не ги согледува проблемите погрешно: Небезбедност во сообраќајот и жртви, сообраќаен метеж и непријатни јавни простори, здравствени проблеми кај населението, коишто се предизвикани од загадувањето и недостигот од физичка активност. Според организацијата, овие проблеми „директно се поврзани со начинот на транспорт низ населените места и третманот кој различните типови транспорт го добиваат од институциите“.

Со серија мерки за развој и унапредување на условите за велосипедскиот сообраќај во градовите ќе се привлечат поголем број граѓани да го користат велосипедот како превозно средство. Со тоа значително ќе се помогне во решавање на голем дел од проблемите со кои се соочуваме како општество: Ќе се намали загадувањето, ќе се подобри јавното здравје и ќе се решат некои од најголемите градски проблеми поврзани со сообраќајниот метеж. Притоа ќе се заштедат средства од буџетите на општините, како и буџетите на министерствата за здравство, транспорт и животна средина.

Oд првичната анализа на досега објавените партиски програми за парламентарните избори, НаТочак заклучува дека решавањето на овие проблеми речиси комплетно е изоставено. Велосипедот се спомнува единствено во делот од проектите за спорт, рекреација или туризам. „Крајно време е сериозно да му се пристапи на проблемот и во политиките велосипедот да се третира примарно во категоријата транспорт“, прекоруваат од организацијата, којашто веќе 4 и пол години активно ги актуелизира придобивките од користењето на велосипедот, како и проблемите и решенијата поврзани со велосипедскиот сообраќај.

„Будни сме, ќе следиме! Бираме точак за секој ден, но и бираме со точакот!“

Заедно со другите организации #НаТочак: Битола НаТочак, Прилеп НаТочак, Гостивар НаТочак, Тетово НаТочак, Штип НаТочак, Струмица НаТочак, подготвен е документ http://natochak.blogspot.mk/2016/11/blog-post_24.html кој е испратен до политичките партии, со цел да им послужи како основа за дополнување на изборните програми. НаТочак ќе спроведе анализа на програмите од аспект на велосипедизмот и ќе ја сподели истата со јавноста.

kriticna masa 55 Poster so info

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia со комплетно освежена понуда за новата моделска година

bmw казна јужна кореја

Новата серија 5 на BMW пристига во салоните на 11-ти февруари