147
19 shares, 147 points

Првиот спортски глисер na Aston Martin и Quintessence Yachts е претставен на престижниот салон во Монако. Перформансите одговараат за британската луксузна марка: Должина од 11 метри, моќност од 1.040 коњски сили и брзина од 50 чворови за екстремната изведба Aston Martin AM37S.

Светска премиера за единаесетметарскиот спортски глисер на Aston Martin на престижниот салон во Монако, со што луксузната британска марка го одбележува својот влез во светот на наутиката. Дневниот крстосувач во поекстремната изведба AM37S достигнува брзина од 50 чворови, односно над 90 километри на час.

Aston Martin две години работеше на развој на AM37, со примена на иновативна технологија и на дизајнерските обележја на марката, за на пазарот да се понуди исто толку уникатен производ како автомобилите на марката. Врвните мајстори на својот занает коишто ги создадоа One-77, Vulcan и новиот DB11, докажаа дека нивната експертиза е доволно вредна и во наутиката. Секако дека поголемиот дел од работата сепак го завршија техничарите на специјалистот Quintessence Yachts.

Aston Martin - AM 37

AM37 е дневен крстосувач кој може да се користи и за преноќување, снабдена со ладилник, микробранова печка, апарат за кафе, а не недостига и тоалет. На тоа се надоврзува луксузно амбиентално осветлување и фина кожа на седечката гарнитура за осуммина.

Иновативноста се огледува во двојно заоблениот ветробран, лизгачкиот капак за кокпитот со ракување на копче, кој е изработен од три панели од карбон. Освен во изгледот на самиот глисер, дизајнот на Aston Martin е присутен и во кокпитот, којшто исто така е изработен од карбон и го следи стилот на автомобилите на марката. Делови од кокпитот се обложени со кожа, додека воланот, контролите за гасот и џојстикот се изработени од полиран метал. Навигацијата, контролниот монитор и мултимедискиот систем се интегрирани во заедничка единица.

Основната изведба AM37 е достапна со два дизел мотори Mercury со моќност од по 370 КС или два бензинци Mercury со по 430 КС. За пет чворови повисока брзина постигнува врвната изведба AM37S, со два бензинци Mercury со по 520 КС – доволно за над 90 километри на час по вода.

Технички податоци · Aston Martin AM37

  • Должина: 11,1 m
  • Должина по водна линија: 9,53 m
  • Бим: 3,68 m
  • Длабочина на понирање: 0,65 m
  • Висина над водна линија: 1,96 m
  • Потисна зафатнина: 6,7 тони
  • Гориво: 800 литри
  • Свежа вода: 100 литри
  • Отпадна вода: 100 литри
  • Дозвола за управување: CE Категорија B
  AM37S AM37 AM37
Погон 2 x Mercury Racing 520 2 x Mercury 430 2 x Mercury 370
Пренос Bravo 3 XR Bravo 3 XR Bravo 3 XR
Гориво Бензин Бензин Дизел
Моќност (КС) 520 430 370
Тип на мотор V8 V8 V8
Зафатнина (L) 8.6 8.2 4.2
Вртежи (1/min) 4800-5200 4600-5000 4200
Брзина во чворови
@ 6.7 тони
+50 45 42
Брзина на крстосување (во чворови) 32 32 32

Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Aston Martin AM 37

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743