98
15 shares, 98 points

Анкета на американскиот портал YourTango.com и Ford открива дека заедничкото патување со автомобил ја зацврстува врската меѓу љубовните партнери… Кој не верува нека чита понатаму.

Според анкетата на љубовниот портал и производителот на автомобили, 90 проценти од анкетираните парови потврдиле дека патувањето им ја зацврстило врската. Автомобилот исто така треба да се погоди. На Ford му одговара податокот дека половина од анкетираните преферираат лимузина за патувањето, во време кога е во ек продажбата на новиот Fusion. Без оглед на тоа, анкетата открива интересни податоци.

Четири од пет парови го нетрпение го исчекуваат следното патување со нивната љубов. Олеснувачки е фактот што дестинацијата на патувањето не е толку важна колку заедничкото време. За 44 проценти од испитаниците се поважни забавувањето и авантурата на патувањето, а не одредиштето. Значи, целта е да се патува, а не да се стигне.

На барањето да наведат три главни активности што ги прават при патувањето, 80 проценти од испитаниците кажуваат дека зборуваат и се шегуваат за заедничкиот живот, 70 проценти ја слушаат омилената музика, а 55 проценти уживаат во глетката и во спокојството. Повеќето од анкетираните се сложуваат дека најдобрите разговори се прават на патување. За видот на разговорот, 65 проценти кажуваат дека водат сериозни разговори. Но, љубовта не се состои само од зборови. Според анкетата, 74 проценти се држат за раце и се гушкаат на црвено светло. Анкетата, сепак, е спроведена во САД.

Уште неколку проценти. За повеќе од една третина, кај автомобилот е најважна штедливоста, за 28 проценти тоа е квалитетното озвучување, додека 22 проценти сметаат дека најважна е навигацијата. Во последниов контекст, Ford наведува дека нивниот нов Fusion, односно наследникот на Mondeo со глобална кариера, задоволува како автомобили во сите три аспекти, односно штеди, има добро радио и навигација со доплата. Ако и натаму е потребен заклучок: Кој се сака нека си купи Ford Fusion.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

98
15 shares, 98 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *