115
62 shares, 115 points

Големината на производителите на автомобили некогаш наведува на помисла: Дали е подобро светската карта да се црта според мрежата и влијанието на автомобилските марки? Одличен пример е Skoda, којашто моментно произведува во 16 фабрики, во девет земји

Skoda е чешка марка, Kia е јужнокорејска марка, Volkswagen германска. Премногу релативно. Автомобилските марки одамна го надминале националното прашање. Тие станаа сесветски. Конкретно, Skoda. Главното седиште на марката и натаму е во Чешка, во Млада Болеслав, но автомобилите со „индијанецот“ во логото, во меѓувреме се произведуваат буквално ширум светот, па дури и на повеќе континенти.

Понудата на Skoda моментно се состои од осум модели: Citigo, Fabia, Rapid, Octavia, Karoq, Kodiaq, Kamiq (во Кина) и Superb. Овие модели се продаваат во повеќе од 100 земји ширум светот, но уште поважно во нашиов контекст, овие модели исто така се произведуваат ширум светот.

Сите домашни фабрики на Skoda моментно работат со полн капацитет; Тоа е „турбо“ за профитабилноста

Чешка беше и ќе остане дом на марката Skoda. Во земјата се произведува во три фабрики. Автомобилите излегуваат од погоните во Млада Болеслав и Квасини, додека во Врхлаби се изработуваат менувачи за повеќето марки од групацијата Volkswagen.

Персоналот на Skoda брои повеќе од 35.000 вработени низ целиот свет. Освен во Чешка, автомобилите на Skoda се произведуваат и во Кина, Русија, Словачка, Алжир и Индија, при што во повеќето случаи станува збор за локални партнерства со групацијата Volkswagen. Автомобилите на Skoda во меѓувреме излегуваат и од сопствените производствени ленти на локалните партнери во Украина и Казахстан.

Кус преглед на производствените локации на моделската гама на Skoda ширум светот

New photo by Automedia MK / Google Photos
Citigo
  • Братислава (Словачка)
Fabia
  • Млада Болеслав (Чешка)
  • Антинг (Кина)
  • Релизане (Алжир)
  • Соломоново (Украина)
Rapid
  • Млада Болеслав (Чешка)
  • Калуга (Русија)
  • Пуне (Индија)
  • Јиженг (Кина)
  • Уст-Каменогорск (Украина)
  • Релизане (Алжир)
  • Соломоново (Украина)
Octavia
  • Млада Болеслав (Чешка)
  • Нижни Новгород (Русија)
  • Аурангабад (Индија)
  • Нингбо (Кина)
  • Уст-Каменогорск (Украина)
  • Релизане (Алжир)
  • Соломоново (Украина)
Kamiq
  • Нанџинг (Кина)
Karoq
  • Млада Болеслав (Чешка)
  • Квасини (Чешка)
  • Оснабрик (Германија)
  • Нингбо (Кина)
  • Соломоново (Украина)
Kodiaq
  • Квасини (Чешка)
  • Нижни Новгород (Русија)
  • Аурангабад (Индија)
  • Чангша (Кина)
  • Уст-Каменогорск (Украина)
  • Соломоново (Украина)
Superb
  • Квасини (Чешка)
  • Аурангабад (Индија)
  • Нанџинг (Кина)
  • Уст-Каменогорск (Украина)
  • Соломоново (Украина)

Ауто Билд ги прогласи Skoda Fabia, Karoq и Kodiaq за најдобри увозни автомобили за 2018

Skoda Kodiaq L&K по цена од 50.000 евра: Добар ден Audi!

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition

Уште една радост за Skoda и главоболка за конкурентите: Scala!


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

115
62 shares, 115 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *