140
19 shares, 140 points

Додека е во тек салонот на автомобили во Москва, Lada не пропушта повторно да го насочи интересот кон новиот кросовер Xray, со неколкуте стилски вежби во форма на концептни возила, па дури и за втор модел. Но, кој е овој автомобил што одненадеж ја прикажува руската марка во сосема друго светло?

Многу промени се случија кај рускиот автомобилски гигант во последниве години. Avtovaz во меѓувреме стана дел од светскиот концерн Renault-Nissan, ги произведува моделите на концернот во Тољати, стартуваше со продажба на лимузината Vesta и постигнува солидно учество во WTCC со тркачката верзија на Vesta. Русите најавија и стилска пресвртница, според линиите што ги постави дизајнерската ѕвезда Стив Матин, и доколку се чинеше дека сета таа авантура ќе заврши со Vesta, од почетокот на годинава се покажува дека од Lada не треба да се исклучат следните изненадувања.

LADA XRAY

XRay е градски кросовер произлезен од соработката со Renault-Nissan и базиран врз платформата B0, истата што ја користи и Dacia Sandero. Околу петстотини компоненти од целото возило се развиени посебно во Тољати. Најголемата гордост на Русите сепак е дизајнот на XRay, создаден од Стив Матин, човекот што го има креирано изгледот на првите генерации на Mercedes ML и GL, а подоцна и на неколку модели на Volvo. Матин предизвика сензација кога ја прикажа студијата XRay на салонот во Москва во 2012 година. Од студијата произлезе сериски XRay. Производството на новиот модел на Lada стартуваше на 15-ти декември лани, додека продажбата започна два месеци подоцна.

Renault-Nissan донесе манири на светски производител во Тољати

Според Lada, кросоверот е создаден според принципот „автомобилот – мојот втор дом“. Тоа што изгледа добро однадвор, функционира добро и однатре. По соборувањето на дводелната задна клупа се добива рамен под, за лесно товарање габаритни предмети, додека во повисоките нивоа на опрема се наоѓа фиока под возачкото седиште, отстранлива преграда во дното на багажникот и практични прегради отстрана, држачи за чаша, па дури и разладувана касета пред совозачот.

LADA XRAY

Како за руски автомобил, во греењето и вентилацијата не смее да има пропусти. Покрај тоа што се гарантираат високи „перформанси“, тивка работа и ефикасна распределба на воздухот, вклучувајќи и спроведување топол воздух за нозете на патниците на задната клупа, XRay може да поседува мануелен или автоматски клима уред.

Во првите седум месеци од годинава на рускиот пазар се продадени 9.814 примероци од Lada Xray, со што новиот кросовер е на 21-то место на најпродавани модели во земјата – имајќи во предвид дека продажбата стартуваше дури во средината на февруари. Lada Granta во истиот период достигна 50.301 продажби и се наоѓа на второто место, Vesta е шести најпродаван модел со 28.062 примероци, по што следат уште Lada Largus (Dacia Logan) и Lada Kalina. Според јулската продажба, Xray сепак напредува и веќе е на 16-то место на најпродавани модели.

Уште повеќе внимание е посветено во модификацијата на платформата B0 за руските патишта. Трагата на задната оска е проширена за 37 милиметри, оптимирани се амортизерите и пружините, растојанието од подлогата е зголемено на 195 милиметри. На предната оска се користат вентилирани сопирачки дискови од Continental со димензии 258х22 mm. Назад се вградени пружини во форма на S од производителот Mubea, гасните амортизери потекнуваат од Tenneco. Електромотор дава сервоподдршка за управувањето, системот за контрола на стабилноста е стандард во сите моделски изведби, вклучувајќи ја и основната.

Три мотори на избор, најатрактивниот во комбинација со неатрактивен менувач

Понудата од погонски единици ја сочинуваат 1,6- и 1,8-литарски мотор од сопствен развој и еден 1,6-литарски мотор од Renault-Nissan. Поголемиот руски мотор, препознатливо за Avtovaz означен како 21179, располага со моќност од 122 КС, варијабилна контрола на вентилите и релативно современа техника. Овој прв 1,8-литарец во историјата на марката произлегува од 1,6-литарскиот мотор и има претрпено темелни модификации, буквално од главата на моторот до картерот за масло.

LADA XRAY

Моторот од 1,6 литар со 106 КС и ознака 21129 исто така претрпе повеќе модификации по пример на 1,8-литарецот. Третиот мотор е познат од претходната генерација на Megane, со код H4M, зафатнина од 1,6 литар и 110 КС. Двата 1,6-литарци работат во комбинација со мануелен менувач со пет степени, додека 1,8-литарскиот мотор оди исклучиво со роботизиран менувач со пет степени. Ова е необична и анахрона комбинација, особено во време кога менувачите со двојна спојка достигнуваат цена иста со роботизираните менувачи (мануелен менувач кадешто промената на степените ја вршат релеи). Фактот што менувачот е конструиран во соработка соспецјалистот ZF не менува многу.

Најсуштинските промени се тие што не се гледаат

Тоа што не се гледа кај Lada Xray е челикот со висока цврстина што е применет во повеќе подрачја од каросеријата, вклучувајќи ги крилата, хаубата и вратите, заради намалување на тежината при истовремено зголемување на цврстината. Површинските делови од каросеријата се изработени од домашно произведен топло валан челик, којшто со двостраното поцинкување поседува поголема отпорност на корозија при механичко оштетување на лакот. Лаковите што се користат за каросеријата исто така се нови, поотпорни на оштетување и атмосферски влијанија.

LADA XRAY

Продажната цена на основната моделска изведба на рускиот пазар изнесува 589.000 рубљи или 8.110 евра. Lada Xray 1.6 16V Optima стандардно е опремена со две воздушни перници, контрола на стабилност и контрола на тракција, помош при поаѓање на нагорнина, трепкачи во ретровизори, патен компјутер, висинско местење на волан и на возачко седиште, централна брава со далечинска команда и електрика на предни прозорци, радио со команди на волан, блутут, говорни команди и приклучок USB.

Цените се пониски и од Dacia Sandero, но Русија е „далеку“ во овие времиња

Врвното ниво на опрема, логично именувано Top, достапно е за 712.000 рубљи (9.790 евра) и дополнително поседува магленки, двоен под на багажникот, фиока под совозачкото седиште, електрика на задни прозорци, грејачи во предните седишта, електрика и греење на ретровизорите, грејачи во ветробранот, паркинг сензори назад и камера, автоматика на бришачи и светла, автоматски клима уред, разладувана касета пред совозачот, мултимедиски систем со навигација и екран од 7 инчи на допир и алуминиумски бандажи од 16 инчи.

Верзијата со 1,6-литарскиот мотор на Renault-Nissan се испорачува само со нивото Top и чини 799.000 рубљи (10.980 евра), додека најскап модел е Lada Xray 1.8 16V со „јубилејно“ ниво и цена од 829.000 рубљи односно 11.390 евра.

Со овие цени, рускиот кросовер со привлечен дизајн е дури поевтин од Dacia Sandero, вклучувајќи ја и популарната верзија Stepway во стил на кросовер. Сепак е мала веројатноста Lada Xray во догледно време да се појави на македонскиот асфалт – и надвор од него. Цената не е единственото што одлучува за тоа.

Технички податоци · Lada XRAY 1.6 16V

Мотор (Ознака 21129) 4 цилиндри, 16 вентили, 1596 ccm, моќност 106 КС при 5800/min, вртежен момент 148 Nm 4200/min Погон и пренос На предни тркала, 5-степен мануелен менувач Димензии Д х Ш х В 4165 х 1764 х 1570 mm, меѓуоскино растојание 2592 mm, ширина на трага на тркала напред / назад 1484 / 1524 mm, растојание од подлога 195 mm, резервоар 50 L, багажник 361 / 1207 L Тежини Празно возило 1190 kg, дозволена тежина 1650 kg, приколка со сопирачки 800 kg Перформанси Крајна брзина 176 km/h, забрзување 0-100 km/h за 11,4 s Потрошувачка на гориво (град/отворено/пат) 9,3/5,9/7,2 L/100 km


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Lada Xray

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
19 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743