за ,

Корпа за ентериерот на Tesla Model S: Русин си вгради внатрешност од BMW

Евтиниот, непрактичен и некомфорен ентериер на електричниот суперавтомобил Tesla Model S натера еден Русин целосно да ја замени внатрешноста со делови од серијата 6 на BMW. Не е евтино, но е подобро.

Еден Русин не можеше повеќе да го трпи едноставниот и неквалитетно изведен ентериер на скапиот калифорниски електромобил Tesla Model S и реши самостојно да ги вгради речиси сите компоненти од внатрешноста на серијата 6 на BMW. Целиот овој подвиг го чинеше Русинот над 25.000 евра, но барем човекот сега ќе биде спокоен. Од американскиот автомобил останаа само дигиталните инструменти и таблетот во средишната конзола. Место со неугледна пластика, сите површини на „рускиот“ Model S сега се обложени со кожа, алкантара и црн сјаен лак. Поголемиот дел од прекинувачите исто така е заменет со делови од BMW.

Целата оваа трансформација им се допадна на луѓето во клубот на сопственици на електромобилот од Москва и тие сега им нудат можност на сите клиенти да го облагородат својот Tesla Model S. Предните седишта и задната клупа потекнуваат од серијата 6, но не ја поседуваат масажната функција, зашто тоа троши премногу струја и го намалува досегот. Средишната конзола исто така е преработена, со повеќе практични прегради и вкупно седум приклучоци за надворешни уреди.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Huracan LP 580-2 се враќа „назад“ на корените

Црвен аларм во Пекинг поради загадениот воздух