186
23 shares, 186 points

Америка има сериозен проблем со автомобилите. Европа доминира со светот на четири тркала, „новите“ големи пазари како Кина или Бразил, исто така и припаѓаат на „старата дама“. Volkswagen е само јавна манифестација на американската авто-војна.

Секој ден Volkswagen. Најдобро е повеќепати на ден. Објавата на негативни наслови околу фингираниот скандал во Volkswagen прерасна речиси во терапија препишана од автомобилскиот лекар. Последното обвинение за германскиот и светски концерн ја прелеа чашата и несомнено укажува на природата на проблемот. Во Бразил е поведена истрага за наводна соработка на Volkswagen во воената диктатура во земјата во 1960-те и 1970-те години. Директорите на Volkswagen do Brasil наводно му ги предавале на режимот поклониците на комунизмот меѓу сопствените работници. Некој се обидува да се повика на лажно напишаната историја на светските нации?

Без потреба од потпирање врз статистички податоци и анализи, изјави, докази и што уште не, овојпат нека биде јасно. Тоа што во моментов се случува со нападот врз Volkswagen е само уште еден обид на американската држава да ја презеде доминацијата со глобалниот автомобилски пазар. Суштината на проблемот не е пазарот во САД или во Европа, туку првенствено кинескиот пазар на автомобили. И уште многу слични, помали или поголеми, но во секој случај ветувачки пазари, на кои што во следните години им претстои рапиден раст. Заедничко за сите овие пазари е тоа што европските автомобилски концерни имаат воспоставено солидни темели за натамошно јакнење на своето присуство и ширење на инфраструктурата. И зголемување на профитот, секако.

Оцрнувањето на имиџот на Volkswagen нема да се рефлектира врз европските купувачи, колку што е замислено да влијае меѓу купувачите во Кина. На САД ѝм недостига доминацијата на глобалниот автомобилски пазар, иста како онаа што ја имаат воспоставено со глобалната комуникација. Зарем не е необичен успехот што го бележат Google, Facebook, Apple? Tesla Motors, ништо помалку. Замислете, еден човек, поединец, успева со своите идеи да завладее со светот. И сето тоа сосема случајно влече корени токму од другата страна на големата бара? Само дебил од холивудска комедија би поверувал во тие приказни.

Кина е најголем пазар на автомобили во светот и производителите во последните години успеваа да надоместат за падот во европската продажба и да ја одржат рентабилноста во производството и развојот на нови модели и технологии единствено преку големиот „плус“ што се постигнуваше на пазарот во големата азиска земја. Концернот Volkswagen профитираше најмногу преку продажбата на своите марки во Кина, но и преку масивните инвестиции во локалната инфраструктура. Фактор што не смее да се превиди: Кинеските власти им дозволуваат на странските инвеститори да се одомаќат на локалниот пазар единствено под услов да реализираат соработка со кинеските фирми. Со други зборови, Кина решава кој производител смее и може да гради на нејзина територија. Volkswagen е речиси домашна марка, со долга историја и беспрекорна традиција во своето присуство на непресушниот пазар.

Наспроти тоа, Tesla Motors ниту оддалеку не може да ги реализира плановите за продажба на своите модели и за освојување на пазарот во Кина во истиот обем како што тоа им успева во САД. Зарем е потребен следен доказ: Кинезите не ги сакаат американските автомобили и американската автоиндустрија, без разлика што нејзиното присуство не е толку незначително.

Атакот врз имиџот на Volkswagen и високите казни што концернот од Волфсбург ќе треба да ѝ ги плати на американската држава секако дека ќе ја ослабнат неговата глобална позиција, со сите реперкусии врз истражувањето нови технологии, проширување и модернизација на производствените капацитети… Замислете ја следната споредба: BMW M4 против спортски модел на Cadillac, на пример, ATS-V. Споредба на технолошки бисер со производ на кого што му недостига секаква асоцијација со иновација, кредибилитет, а најмногу имиџ. Спортски модел на Cadillac?! Дека американската автоиндустрија не признава никаква традиција, иновациски дух, авторитет, докажува примерот со „новата“ спортска марка Cadillac, но уште повеќе примерот со шведскиот Saab. Како дел од концернот General Motors, шведската марка што предничеше во безбедноста, издржливоста и иновацијата во глобални рамки, се претвори во општонаменски Opel. Американците ја спакуваа евтината леб-и-сол технологија на марката од Риселсхајм во автомобил со знакот на шведската марка, продавајќи го истиот по цена на Saab. Европските купувачи се згрозија од таквата практика, марката згасна инстантно.

Или, може да се повикаме на примерот со „Југо“. Единствената причина што „американскиот“ автомобил на Crvena Zastava отпатува од другата страна на океанот беше компензација за американската нафта. Ниту некој го барал „Југо“ отспротива, ниту пак беше важно дали некој (друг) ќе профитира од зделката. Тоа е нивната практика. Принципот е: За тебе може да не остане ништо, ама ниту мене нема ништо да ми недостига.

Малку повеќе почит за Volkswagen. Тоа е „наша“ марка, европска, со преку 600.000 вработени во концернот. Наши Македонци работат за марката, директно и индиректно, веројатно неколку стотини лица. Препишувањето вести од американски извори, покрај „останатото“, е контрапродуктивно, банално, приглупо. Скандалот на Volkswagen е скандал на целата автомобилска бранша. Лажирањето на емисијата го практикува секој производител и во продолжение се наоѓа списокот на актуелни модели со нормата на издувни гасови Euro 6, кои на тестирањето на клубот АДАК покажале значително повисоко ниво на азотни оксиди од дозволеното според нормата. Во списокот, со исклучок на Jeep Renegade, кој во суштината е шпагети-автомобил, отсуствуваат американски модели. Причината за тоа не е во нивната чистота, туку едноставно во нивното игнорирање од страна на европскиот купувач. Во тој поглед, Европеецот не се разликува од другите.

00001


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

186
23 shares, 186 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730