за ,

Колбасите причина за полициска интервенција на акционерското собрание на Daimler

Полицијата морала да интервенира за време на собранието на акционери во Daimler. Чуварите на редот биле повикани поради кавга околу колбасите што биле послужени на настанот.

На денешното собрание на акционери во Daimler мораше да биде побарана полициска интевенција, поради кавга меѓу двајца акционери во големиот автомобилски концерн. Причината за кавгата? Еден од акционерите повеќепати се послужувал со колбасите што биле послужени на шведска маса, но не ги изел, туку ги си спакувал за подоцна. Тоа го забележала една акционерка и му се обратила на човекот, по што следела жестока вербална расправија. За да се спречи натамошна „ескалација“ била повикана полицијата.

За утрово Daimler нарачал 12.500 колбаси и ги послужил за присутните 5.500 акционери на собранието во Берлин. Колку точно колбаси спакувал „инкриминираниот“ акционер уште не е познато. Станува збор за колбаси што Швабите ги нарекуваат „зајтенвурштле“, а познати се и како „франкфуртски колбаси“ и „винери“. Веќе се размислува за превентивни мерки за следното собрание, дали да се нарачаат повеќе колбаси или истите целосно да се откажат од менито. А, акционерката? Дамата поднела тужба за малтретирање против гладниот љубител на колбаси.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Land Rover ќе понуди 25 препородени примероци од пра-теренецот

Tesla ќе претвора француска нуклеарка во фабрика за автомобили