168
22 shares, 168 points

Германскиот институт за техничка контрола изврши тестирање на десет производи за чистење на штофот на седиштата. Според резултатите, не мора секогаш да се посегнува по најскапите производи.

Времето е тоа што најмалку ни стои на располагање во денешницата. Многумина го користат автомобилот како ресторан за брза храна, но во сета таа итаница, како по некое правило секогаш ќе се случи врз седиштата да се истури кечапот или кафето. Добро е ако тоа може веднаш да се избрише со средство за чистење на штофот, за малото невнимание да не се претвори во трајна дамка што предизвикува непријатност при секое седнување во возилото.

sredstva za cistenje avto stofГерманскиот институт за техничка контрола, заедно со магазинот Auto Zeitung, тестираше десет производи. Победник е средството за чистење со активна пена од производителот Nigrin, кое со цената од 6,70 евра во германската продажна мрежа, за количина од половина литар, дури е и поевтино од некои други производи на тестот. Препорака доби и двојно поскапиот производ за чистење на кабината од Clean Extreme, по когошто следат активната пена за чистење од Armor All Universal, средството за чистење штоф и кабина од Kim Tec, пената од Sonax, средството за чистење штоф и алкантара исто така од Sonax, пената Dr. Wack A1, Mannol 9931 и средството за штоф од Caramba. Интересно е што вториот производ од победникот Nigrin, средството за нега и чистење текстил од серијата Performance, на тестирањето доби само слаба препорака.

Таквиот резултат воопшто не треба да зачудува, затоа што на тестирањето се постапуваше точно според упатството на производот. Постапката што е опишана во упатството за овој производ на Nigrin наведува дека средството треба прво да се испрска, да дејствува 30 секунди, да се втрие со грубата четка што се испорачува со производот, да се суши еден час и на крај да се исчетка или да се вшмука. Подобри резултати ќе следуваа доколку производителот препорачаше поинтензивно триење на штофот со крпа или сунѓер, но вака се постигнува само половичен ефект, затоа што производителот очигледно сакал да му ја олесни работата на корисникот.

sredstva za cistenje avto stofСе оценуваа четири категории: Нанесување, чистење, подносливост со материјалот и цената. Дополнителни бодови добија четките што следуваат бесплатно со производите на Mannol и Nigrin Performance. Нанесувањето се оценуваше според информациите во упатството за користење, дозирањето и размачкувањето на производите, како и потребната количина и миризбата. Повеќето производи добија солидни оцени во оваа категорија, вклучувајќи ја и подносливоста со различни материјали. На тестот се проверуваше дали средствата оставаат рабови или остатоци врз површината, дали ја менуваат бојата на материјалот или дали ја оштетуваат површината на штофот.

Секако дека најмногу бодови се доделуваа за ефикасноста. Целта беше велур со долги влакна и едноставен мазен штоф да се ослободат од релативно незгодните дамки – сенф, кечап, кока-кола измешана со сок од портокал, чоколада и макијато. Но, требаше да се исчистат и дамки од пенкало и фломастер, маст за подмачкување и 5-процентен раствор на сол. Пред тестирањето, дамките беа оставени да се сушат 18 часови на 40 степени Целзиусови.

Изненадува тоа што повеќето средства лесно и без мака ги отстранија дамките од кока-кола и макијато, исто како и солениот раствор, сличен на уличната нечистотија при зимското прскање со сол. Добри шанси има и за отстранување на исушен кечап и чоколада, но не и за сенг. Фломастер, пенкало и маст оставаат тврдокорни траги, при чие што отстранување може дури и да се оштети материјалот на седиштата.

Препорака е дамките да се исчистат додека уште се свежи, затоа што колку помалку време се остава да дејствуваат кафето, кечапот или снефот, толку е поголема шансата да нивно отстранување со средство за чистење.

Резултатите од тестирањето:

Табела прв дел Nigrin

активна пена

Clean Extreme Armor All Kim Tec Sonax
Пакување Спреј Пумпа Спреј Спреј Спреј
Содржина 500 ml 500 ml 500 ml 400 ml 400 ml
Цена за 100 ml (во евра) 1,34 2,58 1,74 0,90 2,00
Вид крема течност пена пена крема
Нанесување          
Упатство 9 6 8 6 9
Дозирање 8 10 6 4 6
Размачкување 8 10 8 6 8
Изобилство 10 8 10 10 10
Мирис 7 5 9 5 10
Чистење          
Сенф 9 18 12 9 12
Кечап 21 18 21 27 12
Кока кола/сок 30 30 30 30 30
Чоколада 27 15 12 9 2
Макијато 30 30 30 30 30
Пенкало/ фломастер 18 15 15 6 6
Маст 4 9 4 4 4
Солен раствор 30 30 30 30 30
Потребна сила 20 25 20 20 20
Подносливост          
Остатоци / рабови 40 40 40 40 35
Промена на боја 40 40 40 40 40
Гребење 40 40 40 40 40
Цена          
Оцена 41 29 37 46 35
Прибор 0 0 0 0 0
Крајна оцена 500 392 372 362 339
  победник одлична препорака препорака препорака препорака

 

 

Табела втор дел Sonax Xtreme Dr. Wack Mannol Caramba Nigrin
Пакување Спреј Спреј Спреј Спреј Спреј
Содржина 400 ml 400 ml 650 ml 300 ml 400 ml
Цена за 100 ml (во евра) 2,50 2,93 3,29 2,00 2,04
Вид Пена Пена Пена Пена Крема
Нанесување          
Упатство 9 7 5 9 9
Дозирање 4 6 2 6 8
Размачкување 8 6 6 8 6
Изобилство 10 10 10 10 10
Мирис 9 9 10 9 7
Чистење          
Сенф 12 12 6 6 4
Кечап 12 15 18 6 4
Кока кола/сок 30 30 30 30 30
Чоколада 12 9 15 2 7
Макијато 30 24 30 12 4
Пенкало/ фломастер 2 12 6 4 4
Маст 4 4 4 4 2
Солен раствор 30 30 18 30 18
Потребна сила 20 20 20 20 20
Подносливост          
Остатоци / рабови 35 35 35 35 30
Промена на боја 40 40 40 40 40
Гребење 40 40 40 40 40
Цена          
Оцена 30 25 22 35 34
Прибор 0 0 5 0 5
Крајна оцена 337 334 322 306 282
  препорака препорака препорака препорака условна препорака

 


Like it? Share with your friends!

168
22 shares, 168 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730