166
21 shares, 166 points

Грижата околу лакот на возилото за повеќето возачи се сведува на редовно миење во автоматска перална. Но, со повремено полирање може да се постигне многу повеќе за зачувување на лакот на возилото.

Редовно миење на возилото во текот на целата година е важно заради отстранување на зимската сол што е насобрана на повеќе места и ги нагризува каросеријата и деловите од подвозјето, но и заради отстранување на остатоците од смола и птичји измет за време на летото, коишто исто така можат да му наштетат на возилото. Но, исто така е важно лакот на возилото повремено да се обработи со политура, со којашто дури и кај избледените лакови може да се постигне нов сјај што ќе трае неколку месеци. Покрај тоа, со средството за полирање се измазнуваат и ситните гребаници коишто се последица од миењето во автоматска автоперална.

[quote_box_left]Со малку трпение и труд може и рачно да се постигнат впечатливи резултати од полирањето, без потреба од плаќање професионален сервис.[/quote_box_left]

Германскиот институт за техничка контрола тестираше десет средства за рачно полирање со цена меѓу десет и 30 евра. Тестирањето беше извршено на Fiat Cinquecento од 1996 година, со многу избледен лак и без модерен премаз од проѕирен лак, на којшто уште одамна му било дојдено време за освежување.

Победник на тестот е политурата A1 Ultima Show & Shine Polish од производителот Dr. Wack. Ова средство постигна најдобри резултати при чистењето и конзервацијата на лакот, што ја оправдува и повисоката цена во споредба со другите производи на тестот. Добра алтернатива е Sonax Xtreme Polish + Wax 3, посебно наменет за избледени, стари и неодржувани лакови. Поради пониската цена, производот на познатиот Sonax е оценет и како најисплатливо средство за полирање на тестот. Овие две средства спаѓаат во врвната група на тестот.

Со малку послаби оцени следуваат евтиниот Dr. Wacks A1 Speed Polish, Rot Weiss политура за висок сјак, Caramba политура за лак, Meguiar’s Swirl Remover, како и автополитурата од Sonax, којашто е поевтина од серијата Xtreme. Третата група средства за полирање ја сочинуваат Liqui Moly политура и восок, Nigrin Brillant Turbo и Armor All Ultra политура за висок сјај.

Тестирањето докажа дека политурите придонесуваат за значително подобрување на квалитетот на лакот и при рачна обработка. Стручната машинска политура сепак може да донесе уште подобри резултати.

Како се тестираа средствата за полирање?

Сите политури мораа да поминат низ 14-те точки од тестирањето, поделени во две категории. Во делот за оценување на чистењето и конзервацијата беше најважна ефикасноста на средството, односно степенот на освежување на бојата, рамномерноста во изгледот на обработената површина, потоа отстранувањето на гребаниците и враќањето на длабинскиот сјај. За оценувањето на сјајноста и чистотата по полирањето се користеше специјален оптички мерач. Потоа се оценуваше колку добро е конзервиран лакот, односно како водата истекува од површината на каросеријата. Важно е овој заштитен слој да остане и по повеќе пребришувања на лакот.

Во категоријата за квалитетите во практиката се оценуваше употребата на производите, односно отсуството на миризба, разбирливоста на упатствата за користење и наведените предупредувања во нив, херметичноста на пакувањето и заштитата од деца.

Дозирањето на средствата зависи меѓу другото од агреатната состојба и од самото пакување. Премногу течните или премногу тегавите средства го отежнуваат дозирањето, исто како и преголемите отвори на амбалажите. Лесното размачкување на политурата, рамномерното нанесување и лесното отстранување на вишокот исто така зависат од конзистентноста на средствата.

Резултатите од тестот во детали:
Производи со особена препорака
  Dr. Wack A1 Ultima Show & Shine Polish Sonax Xtreme Polish + Wax 3
Цена (во евра) 29,95 17,49
Содржина (ml) 250 500
Состојба лосион течност
Чистење/Конзервација
Длабински сјај 40 35
Освежување на бојата 35 30
Рамномерност 30 35
Отстранување гребаници 45 35
Сјајност 38 38
Чистота на сјај 36 35
Одбивност кон вода по 5 перења 40 40
Вкупно за поглавје 1 264 248
Употреба
Упатство 16 16
Херметичност на амбалажа 6 6
Мирис 10 10
Дозирање 8 10
Размачкување 20 20
Лесно полирање 14 20
Бришење 10 10
Вкупно за поглавје 2 84 92
Трошоци
Цена 18 35
Содржина на пакет 10 0
Вкупно за поглавје 3 28 35
Вкупно бодови 376 375
Победник на тестот Најисплатлив производ
Производи со обична препорака
  Dr. Wack A1 Speed Polish Rot Weiss политура за висок сјај Caramba политура за лак Meguiar’s Swirl Remover Sonax AutoPolitur
Цена (во евра) 18,99 9,49 9,99 16,90 10,99
Содржина (ml) 500 250 500 450 500
Состојба лосион лосион течност паста лосион
Чистење/Конзервација
Длабински сјај 25 30 30 25 30
Освежување на бојата 15 20 20 25 15
Рамномерност 30 30 25 35 15
Отстранување гребаници 30 30 30 30 15
Сјајност 33 28 23 28 28
Чистота на сјај 21 23 24 13 16
Одбивност кон вода по 5 перења 35 35 35 35 35
Вкупно за поглавје 1 189 196 187 191 154
Употреба
Упатство 14 8 12 10 18
Херметичност на амбалажа 6 6 6 6 6
Мирис 10 10 10 8 10
Дозирање 10 8 6 10 10
Размачкување 20 20 20 20 20
Лесно полирање 18 20 16 16 16
Бришење 10 4 10 4 10
Вкупно за поглавје 2 88 76 80 74 90
Трошоци
Цена 34 34 38 34 37
Содржина на пакет 5 0 0 0 0
Вкупно за поглавје 3 39 34 38 34 37
Вкупно бодови 316 306 305 299 281
Производи со условна препорака
  Liqui Moly политура & восок Nigrin Brilliant Turbo Armor All Ultra Politur
Цена (во евра) 7,50 9,99 21,68
Содржина (ml) 500 300 500
Состојба
Чистење/Конзервација
Длабински сјај 25 10 25
Освежување на бојата 15 10 15
Рамномерност 35 35 20
Отстранување гребаници 15 25 15
Сјајност 18 13 18
Чистота на сјај 13 25 10
Одбивност кон вода по 5 перења 35 35 35
Вкупно за поглавје 1 156 153 138
Употреба
Упатство 8 12 18
Херметичност на амбалажа 10 6 6
Мирис 6 8 8
Дозирање 10 8 6
Размачкување 18 16 20
Лесно полирање 16 14 20
Бришење 2 2 4
Вкупно за поглавје 2 70 66 82
Трошоци
Цена 39 35 33
Содржина на пакет 0 10 0
Вкупно за поглавје 3 39 45 33
Вкупно бодови 265 264 253

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
21 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *