168
131 shares, 168 points

Два мали добавувачи престанаа да испорачуваат делови за Volkswagen, по што следува целонеделно запирање на производството на Golf во срцето на светскиот концерн. Фирмата што од неодамна ги поседува проблематичните добавувачи потекнува од Босна.

Недостигот од делови за менувачи и седишта го запре производството на најважниот модел на Volkswagen. Од минатиот понеделник мируваат лентите во матичната фабрика на светскиот гигант во Волфсбург, исто како и во фабриката во Цвикау. Тоа е последица од спорот со добавувачите ES и Car Trim, коишто се во сопственост на групацијата Prevent. Во меѓувреме мируваат и лентите во уште неколку фабрики на Volkswagen. Купувачите се во неизвесност кога ќе им биде испорачано возилото.

Во саботата беа ставени во мирување погоните за подготовка на производството на Golf во Волфсбург. Од денес до идната сабота не функционираат монтажата, изработката на каросерии, лакирницата, пресата и контролата на квалитетот. Во Цвикау исто така е запрена монтажата на Golf и Passat, а од пред неколку денови е намален и интензитетот на работа во фабриката во Емден.

Само за една недела мирување на погоните VW ќе изгуби седум милиони евра

Денес треба да продолжат преговорите со групацијата Prevent, откако во саботата не беше постигната спогодба меѓу двата партнера. Се размислува дури и за примена на членовите од договорот коишто треба да го заштитат Volkswagen во случај на ваков сериозен спор. Од концернот засега не ја соопштуваат материјалната штета што произлегува од запирањето на производството. Во текот на оваа недела, само во фабриките во Волфсбург и Емден ќе се произведат 3.450 возила помалку. Според финансискиот извештај за првото полугодие, марката Volkswagen заработила по 394 евра од возило, што значи дека оперативната добивка на марката само во следнава седмица ќе се намали за близу седум милиони евра.

Volkswagen може да побара судско извршување и заплена на деловите што недостигаат, но тоа ќе значи одложување на производството на неодреден период, додека Судот реши за новиот налог. Затоа мора да се оди на варијантата за продолжување на преговорите со добавувачите

Volkswagen поднесе налог за испорака на деловите до надлежниот суд во Брауншвајг. Според Судот, овој налог веќе подлежи за извршување. Добавувачите, пак, сметаат дека заплената на деловите не е можна во овој момент, затоа што Судот во Бранушвајг наложил само „испорака во обем што допрва треба да се одреди“. Доколку Volkswagen се реши за присилна реализација, потребни се нов налог и нова одлука на Судот. Уште е неизвесно дали на крајот ќе мора да стапи судскиот извршител.

Фирмата што од неодамна ги поседува добавувачите потекнува од Босна

Прашањето што најмногу ја интересира јавноста во овој случај: Кои се овие добавувачи? Фирмите ES и Car Trim веќе подолго време соработуваат успешно со Volkswagen. Сомнежи постојат единствено зад фирмата што стои зад обата добавувачи. Групацијата Prevent кон крајот на минатата година го презеде добавувачот ES, а од пред неколку месеци и Car Trim. Што се случува во оваа групација и какви се нејзините намери, допрва ќе се дознава. Засегнати се и германските власти, затоа што покраината Долна Саксонија е меѓу главните акционери во Volkswagen.

Босна е земјата од којашто потекнува Prevent. Според информациите што се објавени на нејзиниот вебсајт, Prevent располага со 30 претпријатија низ целиот свет, а седиштето на компанијата во Германија е во Волфсбург. Во своите почетоци, Prevent има изработувано заштитна облека, за денес да поседува синџир од добавувачи во автомобилската, текстилната и индустријата на мебел.

Критики за VW затоа што им дозволил „ексклузивна позиција“ на добавувачите

Браншата веќе познава сличен случај, мал добавувач да загрози светски концерн. Во 1998 година, Ford мораше да го запре производството поради недостигот од брави за врати. Проблемот настанува кога само еден добавувач испорачува одредени делови, што во браншата е познато како „single sourcing“. Експертите го критикуваат Volkswagen затоа што им дозволил ваква ексклузивна позиција на добавувачите и не презел соодветни мерки за заштита, особено по нивното преземање од „босанскиот“ Prevent.


Like it? Share with your friends!

168
131 shares, 168 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730