144
19 shares, 144 points

Клима-уредите ни го обезбедуваат посакуваното освежување во кабината на автомобилот во лето, но и во зима не треба да се заборави нивната корисна функција. При голема влажност на воздухот и при внесување влага во самата кабина преку облеката, клима-уредот ја регулира влажноста на воздухот и спречува замаглување на прозорците.

Кога температурите опаѓаат и се зголемува влажноста на воздухот на преодот од есен во зима, не треба да се заборава на клима-уредот во автомобилот. Неговата правилна функција е подеднакво важна и во зима, сепак клима-уредот е тој што треба да ја намали влажноста на воздухот во кабината и да го спречи замагнувањето на прозорците. Затоа се препорачува функционирањето на клима-уредот да се проверува и во текот на зимскиот период.

Доколку клима-уредот се одржува правилно, проверката на неговото функционирање не треба да е премногу сложена и во основа се сведува на контрола на компресорот и конрензаторот, како и проверка на состојобата на цревата и заптивките. Но, зошто е важно клима-уредот да се проверува редовно?

Редовно вклучување на клима-уредот најмалку двапати во неделата

Повеќето негови компоненти се чувствителни. Доколку клима-уредот не се вклучува редовно, механичките делови не се подмачкуваат правилно и се сушат. Како последица од тоа следува протекување на средството за ладење, предвремена замена на цревата и заптивките, но и намалување на ефикасноста на уредот. Корисен совет е клима-уредот да се вклучува во времетраење од десетина минути барем двапати во неделата во текот на зимскиот период.

Доколку при вклучувањето на уредот се чувствува непријатна миризба на застоена влага, помош нудат наменските средства за дезинфекција на клима-уредот. За тоа се потребни само неколку потези и релативно кусо време. Во случај овие средства да не го решат проблемот, преостанува посета на специјализирана сервисна работилница.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *