за , ,

Кинески уметник го собираше смогот во Пекинг и испече тула од него

Цел свет веќе одамна знае дека смогот е главен проблем во кинеската престолнина Пекинг. Еден кинески уметник реши да покаже колку навистина е голема загаденоста на воздухот.

Нат Брадер цели 100 денови, по четири часа дневно, кружеше со индустриска смукалка по улиците на Пекинг, ги собираше честичките во воздухот и на крајот од нив испече цврста и тешка тула. Воздухот можеби не е ниту грам почист по овој потфат на Кинезот, но барем на сите им станува појасно што е тоа што им преостанало да го дишат. Жителите на Пекинг не се единствените што се соочуваат со овој проблем. Но, барем се соочуваат.

kina tula od smog (1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британските возачи имаат најголема доверба во Ford

Овој автомобил може да сврти и околу раткапна