за

Кинеска компанија ги презема анласерите на Bosch

Гигантот на пазарот на добавувачи за автоиндустријата се збогува со подружницата специјализирана за производство на анласери и генератори. Bosch уште пред две години ги најави плановите за продажба на претпријатието што долго време работеше со загуба. Новиот сопственик е кинескиот добавувач ZMJ.

Околу седум илјади вработени во производството на анласери и генератори на Bosch отсега ќе работат за новите сопственици. Кинески конзорциум во чијшто состав влегуваат добавувачот ZMJ и инвеститорската компанија CRCI потпиша договор за купопродажба со добавувачот и технолошки предводник Bosch. Како што соопштуваат од германската компанија, ZMJ (Zhengzhou Coal Mining Machinery Group) веќе има склучено договори за испорака на компоненти со повеќе производители на автомобили. Кинезите се важна алка во синџирот на производство на анласери и генератори, како и компоненти за мотори за патнички и товарни возила.

Bosch уште во 2015 година најави дека планира продажба на подружницата за производство на стартери и генератори, во којашто работат околу седум илјади лица во 16 погони и 14 држави низ светот. Претпријатието долг период работеше со загуба. Не се соопштува вредноста на зделката со новиот кинески сопственик. Главното седиште на компанијата останува во Штутгарт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi избира само еко-лиферанти за идниот e-tron

Првиот „комшиски“ систем за полнење за електромобили проработе во В. Британија