Пазар

Кинезите го обожуваат Volkswagen Phaeton

Знаменосецот на Volkswagen постигнува завиден успех на кинескиот пазар. Од воведувањето на пазарот во 2004 година се продадени повеќе од 24.000 примероци.

Кинеските купувачи на Volkswagen Phaeton особено ги ценат можностите да внесат личен печат во нивните возила, како на пример преку изборот на видот на дрвените облоги за облагородување на внатрешноста. Големата лимузина на Volkswagen се продава во посебни салони наречени „Volkswagen Lounges“,

Кинезите најмногу „паѓаат“ на можноста за избор на детали за внатрешноста, како на пример на дрвените панели
Кинезите најмногу „паѓаат“ на можноста за избор на детали за внатрешноста, како на пример на дрвените панели
како поткрепа на ексклузивниот статус што овој модел го ужива на кинескиот пазар. Во овие салони, новите возила најчесто му се предаваат на сопственикот во свечена церемонија, во присуство на семејството и пријателите. Купувачот добива и подароци како скапи вина, часовници или порцелан.

Од вкупно 59 специјализирани салони за Phaeton, дури 29 се унапредени во „Volkswagen Exclusive Lounges“, во коишто освен Phaeton се продаваат и Touareg и бизнис изведбите на Transporter T5. Кинезите во последно време покажуваат зголемен интерес за теренските возила. Дури 60 проценти од увезените возила од марката Volkswagen во Кина се теренци.

На целата територија на Кина има дури 59 специјални салони за Phaeton
На целата територија на Кина има дури 59 специјални салони за Phaeton

На кинескиот пазар годишно се продаваат 15 милиони возила, а вкупниот возен парк моментно изнесува 52 милиони возила. Со 3,27 милиони продадени возила и пазарен удел од 20 проценти, концернот Volkswagen е лидер на овој пазар. Само од матичната марка Volkswagen се продадени 2,51 милиони примероци. Од 82.000 увезени возила во оваа година, дури 4.000 примероци се од моделот Phaeton.

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730