за

Кина поведе истрага против 1000 автомобилски фирми

Производителите на автомобили не се единствени што се под удар на кинеската влада.  Заради прекршување на правилата на конкурентност на пазарот, под истрага се и добавувачите и трговците.

Кинеските органи за контрола на условите на конкурентност на пазарот поведоа истражна постапка против повеќе од 1.000 фирми од автомобилската индустрија. Според весникот „China Daily“, под истрага на Комисијата за развој и реформи се наоѓаат производителите на автомобили, добавувачите и трговците.

Заедничкото претпријатие на Audi и неговиот кинески партнер FAW е казнето заради прекршување на правилата на конкурентност на пазарот, односно на законот против монопол. Истрага се води и против Daimler, но и против повеќе кинески фирми.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продолжува растот во продажбата на автомобили во Европа

Saab повторно запаѓа во криза