за

Кафе како погонско гориво за лондонските автобуси

лондонските автобуси кафе

Лондонските автобуси почнаа да возат на биодизел произведен од талог од кафе. Биодизелот пристига од еден нафтен гигант, во почетокот само дел од возниот парк ќе пие кафе.

Технолошка компанија од Велика Британија разви погонско гориво во чијшто состав влегува масло добиено од талогот што останува при варење кафе. За производството на кафениот дизел биле собрани огромни количини талог од кафулињата во Лондон. Талогот којшто никој не сака да му се најде во домашиот одвод, понатаму е преработен во масло од кафе.

Лондонските автобуси пропија кафе

Од понеделник, двокатните автобуси се движат по лондонските улици користејќи го новото погонско гориво, кафениот дизел. Горивото пристига од нафтениот гигант Shell, во почетната фаза само неколку автобуси ќе го користат иновативниот дизел. Дизел-моторите во автобусите не морале да претрпат преправки за да го користат новото гориво.

Кафе-нафтата е дел од акцијата со којашто Shell укажува на огромните количини ресурси што остануваат неискористени и се фрлаат во отпад. Акцијата почнува во Велика Британија, но е голема веројатноста дека ќе продолжи и во други држави. Кафето се пие насекаде, десетици милијарди шољи кафе се пијат на годишно ниво во поголемите европски земји. Промисленото користење на отпадот може да придонесе за подобрување на одржливоста на животната средина во голем број градови

Во моментов можат да се искористат 50.000 тони талог кафе на годишно ниво, за производство на биодизел. Тоа е една четвртина од талогот што секоја година останува од пиењето кафе само во Лондон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

синтетски горива

Синтетски горива за спас на моторот со внатрешно согорување

електрични автомобили

Светската продажба на електрични автомобили порасна за две третини