Вести

Камионот на Tesla чини 150.000 долари: Испорака на крај на 2019

Електричниот камион повторно ја зоврива еуфоријата, сите заборавија на проблемите со Model 3

Tesla ги објави цените и уште неколку детали за електричниот влекач. Нарачките за камионот на Tesla се стартувани, но до испораката на првите возила ќе мине уште долго време. Кога станува збор за Tesla, на времето до најавениот датум треба да се додаде уште толку.

Цените за влекачот со електричен погон на Tesla почнуваат од 150.000 долари. Тоа е цената за основната изведба со досег до 480 километри. За изведбата со досег од преку 800 километри, треба да се доплатат уште 30.000 долари. Контроверзниот производител на електрични возила од Калифорнија почна да прима нарачки, резервацијата на возило чини 20.000 долари.

Купувачите ќе мора да се стрпат додека им бидат испорачани возилата. Тоа може да се случи најрано пред крајот на 2019 година, но Tesla е прочуена по одложувањата и неисполнувањата на ветеното. Првата серија во ограничен број примероци ќе чини дури 200.000 долари.

Илон Маск ја оправдува повисоката цена со заштедата од 200.000 долари за целиот експлоатациски век на камионот на Tesla

Цената од 150.000 долари за основната изведба се чини превисока. Споредливите влекачи со дизел мотор на американскиот пазар чинат околу 100.000 долари. Производителот ја оправдува високата цена наведувајќи заштеда во висина од 200.000 долари за целиот животен век на камионот во споредба со дизел-погон. Во цената влегуваат и првокласна безбедносна опрема и напредни системи за асистенција, како и кабина што е скроена по индивидуална нарачка.

Дилери на Tesla сами ги доработуваат возилата?

За големиот ветробран од армирано стакло, шефот Илон Маск ветува во нему препознатливиот бомбастичен стил: „Стаклото издржува атомска експлозија. Во спротивно ќе ви ги вратиме парите.“ Крајната цена ќе се зголеми дополнително кога ќе се вклучат и вообичаените прибор и опрема во камионската кабина.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729