118
22 shares, 118 points

Производителот на електрични автомобили Tesla уште се соочува со проблеми во производството на Model 3. Но, тоа не е пречка за шефот Илон Маск да ги најави следните новитети од калифорниската компанија. По повеќе одложувања, синоќа спектакуларно беше претставен камионот на Tesla со погон на струја.

Електричниот влекач не беше единствената, а ниту најголемата ѕвезда на настанот. Додека сите го очекуваа крајот на презентацијата, од полуприколката на Tesla Semi излезе црвен родстер. Спортскиот автомобил е најавен за 2020 година, со ветување дека ќе има најдобро забрзување од сите сериски автомобили.

При константна брзина на автопат, родстерот би требало да извози 1.000 километри со едно полнење. Како крајна брзина се спомнуваат над 400 километри на час. Tesla Roadster ги убеди присутните во своите способности, возејќи по авионската писта на којашто се одржуваше презентацијата.

нов тесла родстер

Со најавата за новиот модел, Tesla се подготвува за бранот од спортски автомобили со електричен погон кои големите производители ќе ги претстават во следните неколку години, меѓу другото и Porsche Mission E. Од друга страна, почетоците на марката беа токму со спортскиот родстер со погон на струја, изработен врз основа на Lotus.

И камионот на Tesla има со што да се пофали

Родстерот во секој случај привлекува повеќе внимание отколку камионот. Но, и Tesla Semi има со што да се пофали. Под полн товар и вкупна тежина од 40 тони, влекачот ќе постигнува досег од околу 800 километри. Производството ќе стартува во 2019 година, понудата ќе вклучува две различни изведби.

Електричниот влекач поседува четири електромотори, кои според Tesla можат да издржат еден милион милји или 1,6 милион километри без дефект. Дури и во случај два од моторите да откажат, камионот повторно ќе биде подобар од стандардните товарни возила со дизел мотор.

електричен камион тесла 1

За половина час на брз полнач, батериите ќе акумулираат доволно енергија за 640 километри возење. По магистралните патишта ќе се гради мрежа од мегаполначи, коишто ќе користат енергија произведена од сончеви колектори. Според статистиката, најголемиот дел од камионите во САД минуваат помалку од 400 километри во транспорт во една насока.

Многу бројки околу Tesla Semi се премолчени: Според пресметките на Универзитетот Карнеги Мелон, за најавениот досег од 800 километри, камионот на Tesla треба да користи батерии со капацитет од 1.000 kWh и тежина од преку осум тони

Цената на Tesla Semi уште не се објавува, но според Маск, влекачот со електричен погон ќе има значително пониски оперативни трошоци отколку камионите со стандарден погон. Една милја пат со камионот на Tesla би чинела 1,26 долар, додека транспортот со дизел чини 1,51 долар по милја. Доколку камионите возат во колона на мала раздалеченост, трошоците се сведуваат на 85 центи по милја. Во пресметката влегуваат и осигурувањето, сервисирањето и горивото, односно струјата.

Возачкото седиште е поставено средишно во кабината, со два големи дисплеи на допир отстрана. На тој начин се избегнува потребата од производство на верзија со волан од лева или десна страна за различни пазари. Технологијата за автономно возење овозможува камонот самостојно да запира и да ја следи лентата.

Експертите се сомневаат во веродостојноста на досегот на Tesla Semi

Големците во браншата исто така подготвуваат камиони со електричен погон, вклучувајќи го и Daimler. Висината на трошоците е пресудна во транспортот и секоја можност за заштеда е од особен интерес за компаниите со голем возен парк. Покрај тоа, политиката постепено ќе ја спушта рампата за камионите со дизел мотор и со воведување строги еко-лимити ќе постигне нивното возење да биде многу поскапо од електричниот погон.

Илон Маск наведува уште две предности: Ниски трошоци за одржување („сопирачките облоги не треба да се менуваат“) и повисока просечна брзина, особено на нагорнини, кадешто електричниот погон постигнува значително повисока ефикасност од дизелот.

Tesla Semi, Tesla Roadster II

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

118
22 shares, 118 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743