182
23 shares, 182 points

На саемот за транспорт кој се одржува на Скопски Саем, Mercedes вообичаено го зазема централното место, во невообичаена сценографија. Мак Аутостар го изведе штандот во стил на германските патни одморалишта.

Мак Аутостар достојно си ја врши задачата на најдобар можен начин да ги претставува најдобрите марки на автомобилската сцена, па исклучок не е ниту настапот на Саемот за транспорт којшто во следниве денови се одржува на вообичаената локација на Скопски Саем. Штандот на Mercedes-Benz е изведен во стил на патните одморалишта на германскиот аутобан, кои во звучната германска терминологија содоветно се означуваат како аутохоф или „автомобилски двор“.

Мак Аутостар и Mercedes-Benz на Саем за транспорт

Стројни убавици не смее да отсуствуваат на манифестаците на марките на Мак Аутостар, а како надополнување на оваа духовна храна, на штандот следуваат традиционални германски переци, колбаси и секако, пиво. Михајло Зографски, директор за товарните возила на Mercedes-Benz за Македонија, сето тоа го коментира најдобро: „Избравме на еден оригинален начин да ги дочекаме сите наши пријатели, купувачи и љубители на камионите, причина да се разменат различни мислења и искуства од патувањата на долги релации или техничко-технолошките новини кај производителите. Тоа што е најважно е специјалната саемска понуда за товарните возила, со екстремно ниска каматна стапка од само 3,99% и навистина конкурентна цена за моделот Actros.“

Покрај Astros, македонска премиера на Саемот за транспорт доживува и патничкиот автобус Tourismo, заедно со освежените моделски генерации на популарните Sprinter и Vito.

Мак Аутостар за Mercedes-Benz Тourismo 17RHD:

„Во светот постојат различни автобуси, но постојат и Mercedes Benz автобуси. Во денешниот конкурентен пазар, ѕвездата е таа што ја прави разликата, која дава одлучувачка предност – и чувство на комфор дека е направен најдобриот избор на Вашата компанија.Tourismo е еден од најуспешните автобуси на Европските патишта. Економичен, комфорен и со напредни сигурносни системи.“

Мак Аутостар за Mercedes-Benz Sprinter и Vito:

„Создаден врз основа на долгогодишното искуство, Sprinter содржи многу нови карактеристики кои овозможуваат поголема ефикасност, моќност и безбедност од кога и да е порано. Познат е пред се по својата извонредна работна доверливост која на сопственикот му дава повеќе слобода целосно да се концентрира на своите бизнис обврски. Vito е возило кое претставува вистински партнер и е способно да одговори на секојдневните специфични барања, безбедност, исклучителна економичност и висок квалитет.“

„Со конкурентна, ниска потрошувачка, моделот Vito е пример во својот сегмент на возила кој носи заштеда при секој изминат километар, а во однос на безбедноста нуди многу иновативни системи како што е ATTENTION ASSIST- систем кој предупредува од можен судир и Crosswind Assist-систем кој помага за стабилност на возилото при делување на странични ветрови.“

[FAG id=24474]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

182
23 shares, 182 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *