149
20 shares, 149 points

Со осумцилиндарец со механички компресор и 550 КС е разбирливо како Range Rover Sport SVR успева да забрза до сто за помалку од пет секунди. На асфалт. Но, британскиот специјалист за погон на сите тркала сега го дава и одговорот на прашањето што сите ги интересира, а малкумина се осмелиле да го постават: Колку доцни забрзувањето кога подлогата е песок или снег?

Кога подлогата не е сув асфалт, повеќето спортски автомобили престануваат да бидат интересни. Тогаш стапува на сцена Range Rover Sport во најмоќната изведба SVR, со петлитарски V8 со механички компресор и 550 КС. Во услови кога подлогата е лизгава или растресита, поважна од коњските сили е технологијата Terrain Response, којашто специјалистот за терен ја користи уште од 2005 година и во меѓувреме се наоѓа во својата втора генерација.

range rover sport svr acceleration 2

Range Rover изведе спектакуларно споредбено тестирање со цел да ги покаже способностите на Terrain Response – и на 550-те КС на SVR, секако – забрзувајќи со полна моќ на асфалт, трева, снег и песок. Системот е интелигентен за самостојно да избере програма соодветно на условите на подлогата: Нормални услови, динамично возење, трева/земја/снег, кал, песок и карпа. Возачот исто така може да избере некој од овие модуси.

Вредностите што успеа да ги постигне Range Rover Sport SVR на лизгава подлога се ништо помалку од запрепастувачки. Спринтот до сто, на лизгава трева, трае само 0,8 секунди подолго отколку на сув асфалт. Истото време важи и на песок!

Терен Модус 0-100 km/h
Асфалт Динамичен 4.7 s
Трева Трева, земја и снег 5.5 s
Земја Трева, земја и снег 5.3 s
Снег Трева, земја и снег 11.3 s
Кал Кал и бразди 6.5 s
Песок Песок 5.5 s

Посебно за секое мерење на забрзувањето, тимот на Range Rover патуваше на различни локации, за добиените вредности да бидат најверодостојни. Range Rover Sport SVR се соочи со првиот предизвик на тркачката патека Рокингем во Британија, кадешто со вклучен динамичен модус луксузниот теренец реагира подиректно на гас и префрлува во повисок степен при високи вртежи, додека во исто време ја скрутува амортизацијата.

Забрзувањето на лизгава трева е само 0,8 секунда побавно отколку на асфалт

За вториот тест, на влажна трева, SVR се најде на сопствената теренска патека на Land Rover во Источна Англија. Во модус за трева/земја/снег, гасот реагира помеко, исто како и префрлувањето на степените. Контролата на тракцијата се вклучува порано, средишниот диференцијал е активиран. Времето: 5,5 секунди! Површински ископ во Велс послужи за вториот дел од овој тест, кадешто оптимираните системи овозможија SVR да забрза до сто за 5,3 секунди.

range rover sport svr acceleration 1

Специјално за докажување на способностите на погонот на снег, тимот отпатува за познатиот Арјеплог, во Шведска. На комбинирана подлога од снег и мраз, беа измерени 11,3 секунди. Следната поставка за Terrain Response 2 беше модусот за кал и бразди, со подигнато подвозје и со електроника што дозволува контролирано пролизгување, заради постигнување подобра тракција во лизгави услови: 6,5 секунди.

Range Rover поразлично го разбира играњето во песок

За песочна подлога беше избран заливот Камартен во Јужен Велс, кадешто во 1924 година беше поставен првиот брзински рекорд. Во модус за песок, Terrain Response реагира поостро на гас, за колку е можно побрзо испорачување висок вртежен момент, додека менувачот го задржува преносот подолго и средишниот диференцијал се заклучува. Повторно 5,5 секунди.

Последниот предизвик беше совладување карпест терен, во модус со вклучена редукција, поблага реакција на гасот, подигнато подвозје. Range Rover Sport SVR немаше проблеми да совлада нагорнина од 32 проценти на предизвикувачкиот карпест терен.

Најважното прашање? Да, секогаш со стандардните гуми за сите терени. Нема сомнежи околу теренската супериорност на Range Rover. Секако дека таа чини соодветно: 96.900 фунти на британскиот пазар.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format