189
45 shares, 189 points

Создавањето на Sono Motors e уште една успешна приказна за ентузијасти што со своите идеи сакале да им конкурираат на големите производители на автомобили. Oвие успеаја

Како што раскажуваат Јона и Лорин, приказната за Sono Motors започнува од еден телефонски разговор, којшто се води околу фактот дека 61 проценти од светските резерви од нафта се трошат за мобилност. По кусо време, двајцата визионери изработуваат малечко возило со погон на струја. Без посебни познавања, тие се потпираат главно на упатства што ги преземаат од интернет и некако го составуваат возилото во гаража.

Sono Motors Sion 3

Многу приказни завршуваат тука. Но, не и оваа. Јона и Лорин основаат стартап компанија, во којашто подоцна се придружува и Навина. Во 2016 година во Минхен е основан Sono Motors, како д.о.о., со план за развој и продажба на електричен автомобил, којшто ќе може да ги полни батериите и дополнително, преку соларни ќелии.

По две години од основањето, претпријатието веќе брои 60 вработени, од кои најголемиот дел имаат искуство кај докажаните производители на автомобили. Во меѓувреме е изработена и првата серија прототипи, коишто ќе служат за тестирање и за обезбедување на потребната хомологација. Планот е сериската верзија на електро-соларниот автомобил Sono Sion да стартува со продажба пред крајот на следната година.

Sono Motors Sion 5

Досега се добиени 7.100 преднарачки за автомобилот, а секојдневно пристигаат нови. Тоа е доказ дека Sono Motors успеа да го најде вистинскиот пристап до публиката. Компанијата има визија дека идните сопственици на Sion, во времето кога не го користат автомобилот, ќе го понудат истиот на располагање за луѓето што имаат потреба од автомобил во моментот. За таа цел се развива посебна апликација, којашто ќе овозможи комуникација и посредување. Секако дека сопствениците на Sion ќе наплаќаат одредена тарифа за користењето на својот автомобил.

Персоналот на Sono Motors „нема“ презимиња – во целата комуникација се користат само имињата

Од предрезервации и од групно финансирање, компанијата досега обезбеди 2,3 милиони евра. Пристигнаа и тројца моќни инвеститори, коишто во Sono Motors ги нарекуваат „нашите бизнис ангели“. Среќата сепак нема пресудна улога во успехот на компанијата. Се чини дека сé е веќе одамна пресметано и предвидено. Единствената опција за Sion е влечната кука. Тоа е клучот за едноставното, а со тоа и евтино организирање на производството. Сите возила се исти, нема разлика. Тука се работи според принципот на Хенри Форд.

Sono Motors Sion 4

Ефектот е сензационален. Sono Sion привлекува внимание и со вредностите како автомобил, но уште повеќе со цената: 16.000 евра за основниот модел. Во цената сепак не е вклучена батеријата. Купувачите можат или да ја купат истата по цена од 4.000 евра, или да плаќаат месечна рата за нејзино користење. Уште еден момент од славното автомобилско поглавје со Хенри Форд. Sono Sion се испорачува само со црна каросерија.

Деновиве возилата на Sono Motors се на голема тура низ Германија. На прототипите им недостига уште завршната нота, но како што кажуваат германските колеги, првите впечатоци од возењето се мошне позитивни. Sion е прв автомобил што ја комбинира енергијата од сонцето со литиум-јон батерија. Летово имаше многубројни наслови за „соларниот автомобил што полни струја додека вози“, кои секако дека се апсолутен нонсенс.

Sono Motors Sion 7

Преку соларните ќелии коишто се поставени по целата каросерија, Sono Sion може во текот на еден сончев ден да ги наполни батериите со енергија за околу 30 километри. Тоа е повеќе од дневната километража што ја минуваат повеќето возачи. Но, возилото мора да мирува со часови, додека се наполни батеријата за триесетте „сончеви“ километри.

Со полна батерија, возилото постигнува досег до 250 километри. За погон служи трифазен асинхронен електормотор со 80 киловати (109 КС), кој го забрзува возилото долго 4,1 метри до лимитот на 140 километри на час.

Sono Motors Sion 8

Комбилимузината со четири врати може да послужи како практичен семеен автомобил без какви било ограничувања. Багажникот располага со зафатнина од 650 литри и има правилна форма за да собере детска количка. Батеријата пристига од добавувачот Elring-Klinger, а сериската продукција на автомобилот ќе се одбива кај „еден производител“ во Европа.

Посебен детал што одговара со принципите на одржливост е мовот во кабината. Половина ширина од арматурната табла е покриена со мов, кој преку електростатска апсорпција филтрира до 20 проценти од честичките гареж во воздухот – тоа се нашите прославени ПМ-честички.

Sono Motors Sion 6

За полнењето во моментов стојат на располагање три можности. Обичен шуко-приклучок за струја, при што полнењето трае 13 часови, потоа полнач од тип 2, со 11 киловати (2,5 часови за 80% и 3,5 часови за 100%) и најбрзата опција CCS, со 50 киловати и времетраење од половина час до 80-процентна наполнетост. Уште една опција е можноста возилото да се поврзе со куќната струјна мрежа и да ја испорачува енергијата од батеријата за потрошувачите во домот. Кој уште сака да се вози на нафта?

Sono Motors Sion

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Seat произведува струја со 53.000 соларни панели

Соларни автомобили ќе возат 3.000 километри низ Австралија

Патиштата во иднина ќе имаат соларни ќелии, сензори и грејачи

Во Франција пуштен во употреба првиот соларен пат во светот


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

189
45 shares, 189 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743