155
20 shares, 155 points

Браншата има големи надежи во технологијата за автономно возење. Веќе во 2020 година пристига првиот помасовен бран возила со автопилот. Но, возилата ќе се соочат со еден проблем што досега само малкумина го земаа предвид. „Хакирани“ сообраќајни знаци ја наведуваат вештачката интелигенција на погрешни пресметки.

Возилата со технологија за автономно возење пристигаат, тука нема сомневања. Единствено има сомневања околу безбедноста на возењето со автопилот. Наспроти првичната замисла и ветувања на производителите, дека оваа технологија ќе го направи возењето побезбедно, сега пристигаат нови докази дека може да се случи спротивното.

Научници од Универзитетот Вашингтон „хакираа“ неколку сообраќајни знаци, за да проверат како ќ ереагира технологијата за автономно возење. Според научниците, лесно е знаците да се сменат со цел да се предизвика забуна на камерите во идните возила со автопилот.

Опасност при возење со автопилот: Камерите го читаат хакираниот стоп-знак како знак за забрзување

Следејќи го алгоритмот што техниката го користи за распознавање на знаците и објектите, универзитетските експерти го „преработеа“ знакот за запирање, со додавање налепници на соодветните места. На тој начин, сензорската техника во возилото се наведува на заклучок дека не станува збор за стоп-знак, туку го препознава како знак за дозволена брзина. Поради тоа, автомобилот место да запре, почнува да забрзува. Катастрофата е програмирана, хакерите се задоволни.

Лепењето и „преправките“ на сообраќајните знаци се чест пример во градските средини. Некој може злонамерно да ги излепи знаците и да предизвика опасни ситуации во сообраќајот со идните возила со автопилот.

Студијата на научниците од Универзитетот е само уште еден доказ дека во развојот на технологијата не смее да се превиди ниту најмалата слаба точка. Хакерите се будни.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
20 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730