138
19 shares, 138 points

Една од главните теми на салонот во Женева е преземањето на Opel од француската групација PSA. Вака неколку врвни менаџери од браншата ја коментираат зделката.

Францускиот PSA плати 1,3 милијарда евра за марката Opel да се најде под нивниот покрив. General Motors се збогуваше со својата европска марка, којашто долги години им носеше загуба на Американците. Со приклучувањето на Opel во групацијата на Peugeot, Citroen и DS, европскиот пазар доби нов гигант, којшто се позиционира веднаш зад Volkswagen. Ова несомнено претставува значаен настан за браншата и околу него се водат жешки дискусии меѓу менаџерите за време на одржувањето на салонот во Женева.

Шефот на Daimler, Дитер Цече, кој воедно е претседател на европското здружение на производители на автомобили, коментира: „Како претседател на здружението, првото што го забележувам е дека една членка недостига.“ Здружувањата во браншата зачестуваат. Цече смета дека „ова консолидирање, исто како и сите останати, носи нови шанси во поглед на трошоците, но и опасност во поглед на прометот.“ Производителот од Штутгарт не е засегнат од француско-германското здружување, затоа што неговите модели се позиционирани во премиум сегментот. Daimler, меѓу другото, веќе неколку години соработува успешно и со Renault. Сличен став имаат и во Минхен. „Моделите на Peugeot и Citroen не се директни конкуренти на Opel, нивното спојување повеќе ги погодува останатите производители,“ оценува шефот на BMW, Харалд Кригер.

Toyota има две големи соработки со Французите: Триото Aygo/108/C1 и вановите Spacetourer/Traveller/Proace

Во Toyota не се премногу засегнати од овие фузии, всушност тие и самите имаат две големи и долготрајни соработки со PSA. Триото Toyota Aygo/Peugeot 108/Citroen C1 функционира беспрекорно, исто како и користењето заедничка платформа за големите ванови Citroen Spacetourer, Peugeot Traveller и Toyota Proace. Европскиот шеф на Toyota, Јохан ван Зил, цени дека од ова здружување на PSA и Opel нема да произлезе нов и посилен конкурент: „Тоа редовно се случува во нашата бранша. Не постои причина да ја менуваме нашата стратегија“.

Првиот човек на Volkswagen, Матијас Милер, коментира: „Тие сигурно размислиле добро. Тоа не влијае врз нашите планови. Ние се концентрираме на сопствената работа и ќе ја кроиме иднината како што сметаме дека е правилно.“

Дали заминувањето на Opel од GM ќе го врати Chevrolet на европскиот пазар?

За некои менаџери е несфатливо зошто еден голем производител, каков што е General Motors, со продажбата на Opel практично се повлекува од европскиот пазар. Но, дали Американците навистина се откажуваат? Chevrolet до пред неколку години беше присутен на пазарот во Европа со модели на идентична платформа со Opel, коишто се продаваа одлично и дури го загрозија опстојувањето на германската марка, се додека американскиот концерн не реши да ја прекине продажбата на Cruze, Captiva и останатите успешни модели од оваа страна на големата бара.

Како можно сценарио за марката Opel под PSA, за пример може да послужи Jaguar Land Rover. Британските благородни марки пропаѓаа додека се наоѓаа во сопственост на американскиот Ford. Откако кормилото го презеде индиската Tata Motors, Jaguar и Land Rover во целост го вратија некогашниот сјај. Начинот на размислување на американските менаџери не го погодува духот на европскиот пазар. За Opel може да следуваат само подобри времиња под заеднички покрив со Peugeot и Citroen.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743