за

Каков избор на користено возило е Volvo S40

Убедувањето дека автомобилите порано биле подобри не важи кај Volvo S40. Моделот од средната класа произведуван до 2004 година е многу почувствителен на дефекти од неговиот наследник со техника од Ford.

Шведските автомобили се издржливи и многу купувачи се убедени во тоа – честопати со право. Но, тоа не е случај и со овој „Швеѓанец“. S40 потекнува од шведска марка, но е Холанѓанец. Овој модел од средната класа се произведуваше осум години во фабриката Nedcar во Холандија, заедно со сродната Mitsubishi Carisma. Техниката потекнува од моделот на тогашниот јапонски партнер, но и слабата просторна понуда во кабината е заеднички именител на обата модела. На задната клупа нема доволно простор за повисоките патници и тие со колената допираат во предните седишта. Багажникот со 471 литар кај лимузината и 413 литри кај комбито V40 е подобар во поглед на просторноста.

volvo s40 120150516Моторите потекнуваат од Renault

Покрај верзијата T4 чијашто предна оска буквално се тресе под двестоте коњски сили, најчесто во понуда се дволитарски бензинец со 136 или 140 КС, како и современ дизел со common-rail, воведен во 2000-та година. Ниту тие не се производ на Volvo, туку се испорачувани од Renault. Во секој случај, моторите се одликуваат со штедливост и смирена работа.

Проблеми може да се очекуваат со прегорени заптивки за глава кај турбомоторите, додека дизелите имаат проблеми со запчестиот ремен. Во обата случаи последица е оштетување на моторот. Покрај тоа, алтернаторите се расипуваат, исто како и имобилизаторите, а има и проблеми со празнење на акумулаторот. Регистрирани се и чудни случаи кога моторот претрпел оштетување поради испаѓање на завртката за испуштање на масло или разлабавување на цревата од системот за ладење. Треба да се проверат и траги од корозија на задниот капак.

[quote_box_right]

Volvo S40

Произведуван од 1996 до 2004 година

Мотори од 90 (1.9 TD) до 200 КС (Т4)

Цена од 600 евра

[/quote_box_right]

Проблеми во …

… подвозје: Истрошени зглобови во водењето на тркалата се јавуваат почесто од просекот, а чувствителни се и амортизерите, пружините и управувањето.

… осветлување: Кај модели постари од десет години слабее силината на собореното светло, а се појавуваат проблеми и во трепкачите.

… сопирачки: Слаби точки се цревата и водовите, па дури и во функционирањето на паркирната сопирачка има повеќе проблеми отколку останатите возила во класата.

… мотор и погон: Прекумерна потрошувачка на масло и протекување масло од менувачот.

ЗАКЛУЧОК Љубителите на шведската марка е подобро да го изберат моделот од генерацијата што се произведуваше меѓу 2004 и 2012 година. Оваа генерација на S40/V50 беше развиена заеднички со Ford и во речиси сите подрачја е многу посолидна од претходникот. Единствени поголеми проблеми се грешки во системот за напојување со гориво, како и отстапувања во емисијата на штетни материи.

 

volvo s40 220150516

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600 коњски сили во Audi TT clubsport turbo concept

Премиера на Chevrolet Camaro: Причината зошто ги сакаме американските автомобили