133
18 shares, 133 points

Mercedes E 220 CDI од 2001 година на плац на германски дилер за 1.500 евра? Тоа мора да е понуда што не се пропушта. Дали навистина? Постојат причини зошто големата лимузина е толку евтина.

Кога Mercedes ја претстави новата генерација на класата Е во 1995 година, тоа беше вистинска сензација. Марката со ѕвездата тогаш порачуваше: Погледнете го Mercedes со други очи. Швабите притоа мислеа на двојните тркалезни светла, во замена за стариот дизајн. Но, вистинската сензација се криеше надвор од погледите. Mercedes ги намали трошоците за производство на својот стратешки важен модел за дури една третина во споредба со неуништливиот W124. Како резултат од тоа произлегоа проблеми какви што сопствениците не ни сонуваа да очекуваат кај „мајката на автомобилите“.

Само за извоз или за таксисти: Никој дилер не дава гаранција за класата Е

Класата Е беше и остана една од најтемните дамки во историјата на марката од Штутгарт. Соодветно на тоа, цените на класата Е на пазар на користени возила паднаа на ниво на Fiat, а првите сопственици на моделот збеснаа од загубените пари. Повеќето модели што можат да се најдат на онлајн берзите во ЕУ се нудат „само за службена употреба или за извоз“. Познавачите се свесни за што станува збор. На тој начин дилерите се ослободуваат од обврската да дадат задолжителна двегодишна гаранција, доколку возилото се продава на физичко лице.

Драстичното смалување на производствените трошоци кај W210 го руинира имиџот на Mercedes
Драстичното смалување на производствените трошоци кај W210 го руинира имиџот на Mercedes

Притисокот за штедење се забележува и во кокпитот, по многубројните прекинувачи и копчиња што се преземени од помалата класа С. По две години од стартот на моделската серија следуваше мал фејслифт, со замена на редните шестцилиндарци со мотори V6, со електронски клуч, странични воздушни перници напред и контрола на тракција. Последниот поголем зафат се случи во 1999 година, со нови браници напред и назад, трепкачи во ретровизорите, команди за радио на воланот, контрола на стабилност и нови задни светла. Големиот фејслифт донесе и нови мотори и менувачи, како и погон на сите тркала за посилните модели.

Проблеми со корозијата, пружините, клима уредот …

Тоа што во меѓувреме им се случуваше на сопствениците на големата лимузина е добар материјал за драма. Еден од најголемите проблеми е токму корозијата, којашто ги напаѓа каросеријата и подвозјето насекаде. Производителот во одреден дел ги презеде трошоците за поправка на оштетените подрачја, но проблемот остана „вграден“ во возилото. Вратите, поткрилата, рамките на прозорците, хаубата и задниот капак, па дури и носачот на моторот се погодени од кафено-црвеникавата напаст. Проблемите продолжуваат и во преголемото абење на компонентите во подвозјето и појавувањето на недозволено голем зјај во управувањето.

Моделите со дизел мотор до 2001 година имаат проблеми со дефекти во турбонатполнењето. Потоа Mercedes интервенираше со вградување други црева и подобри држачи за нив. Бензинците имаат друга мака. Кај примероците со бензински мотор од 1998 и 1999 година често се јавуваат дефекти на погонскиот ремен. Поновите модели добија други ременици. Проблемот со протекувањето од пумпите за гориво и прскалките кај моторите CDI беше решен дури во 2001 година, по интервенцијата во производството и во конструкцијата на системот. Покрај тоа, кај моделите од последните четири години со мотор CDI (1998 – 2002 година) се јавуваат проблеми со грејачите, односно системот за предгревање.

Поради напонските врвови доаѓа и до често прегорување на светилките во предните и задните светла, што беше коригирано дури пред крајот на производството на серијата во 2002 година. Меѓу најчувствителните подрачја спаѓа и протекувањето течност од клима уредот, но тука Mercedes релативно „рано“ го утврди проблемот и изврши модификација во моделите произведени по 1999 година.

Четирипати во сервис заради отстранување фабрички дефект

Во списокот на дефекти влегуваат и системот за навигација (извршена е модификација во 2001 година), заглавени контакт брави (до 2001), дефектни носечки зглобови на предната оска (до 2000), скршени спирални пружини поради корозија (до 2001, дефектот кај постарите модели беше на трошок на производителот), дефектни автоматски менувачи (до 2002), заглавување на сончевиоит покрив (до 1999 година). Сопствениците на класата Е дури четирипати мораа да го посетуваат сервисот поради отстранување на фабрички дефекти: За паркирната сопирачка во 1995 година, системот за асистенција при нагло сопирање (1997), сензор за зафатеност на совозачко седиште (1998), активирање на воздушна перница за возач (во 2001 година).

Не вредеше ниту воведувањето на моторите CDI во 1998 година

Единствени што профитираа од слабиот квалитет на генерацијата на класата Е од серијата W210 се локалните дилери, коишто го искористија додоцнетото освестување на купувачите за огромните проблеми на моделот на Mercedes и евтино набавените возила од свесниот германски пазар им ги продадоа за цена што новите сопственици сметаа дека е „соодветна“.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
18 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743