157
21 shares, 157 points

Норвешка милијардерка со трипати повисоко ниво на алкохол од дозволеното добила забрана за возење и платила казна од 250.000 круни, односно 25.000 евра. Казната за возење под алкохол можело да биде многу повисока, затоа што според законите во земјата, казните се одредуваат според месечниот приход, а во некои случаи и според целото богатство.

Катарина Г. Андерсен, со 22 години една од најмладите милијардерки во светот, можела да добие казна за возење под алкохол во висина до 5 милиони евра. Но, судиите заклучиле дека проценетиот имот на госпоѓица Андерсен се однесува на нејзините акции и според тоа нејзините редовни примања се многу пониски. Поради тоа, на младата Скандинавка ѝ била изречена и соодветно пониска казна, односно 25.000 евра место пет милиони евра.

Во Европа постојат неколку земји во коишто казните се одредуваат во зависност од висината на месечните примања, особено во случај на пречекорување на дозволената брзина. Во Финска постои систем на „дневни казни“, односно прекршителите плаќаат казна што се одредува според нивните примања на дневно ниво.

Во Велика Британија може да се изречат казни во висина на неделните примања, но најмногу до 2.500 фунти, односно 1.000 фунти доколку прекршокот е сторен надвор од автопат. Ирска исто така планира да воведе сличен систем на казнување.

Европа: За овие сообраќајни правила веројатно немате слушнато


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
21 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *