168
22 shares, 168 points

Старите батерии од електричните автомобили не мора веднаш да се преработуваат како „старо железо“. Тие може да се користат уште долги години како стационарен извор на струја. Daimler, на пример, ги користи за снабдување на своите погони со струја, но истите веќе стануваат достапни и во слободна продажба, за дома или за работа. Повеќе автопроизводители ја реализираат идејата.

Автомобилите на струја не се иднина, туку веќе се сегашност. Нивниот број е релативно мал, но расте рапидно. Производителите веќе размислуваат и за рециклирањето на батериите од електромобилите. Тие би требало да траат околу осум години, односно нивниот капацитет во тој период не треба да падне под 80 проценти од првичното ниво. Кога тоа ќе се случи, батериите повеќе не може да се користат во автомобилот и се заменуваат со нови.

Годишната продажба на електромобили во светот веќе надмина 1,5 милион

Но, каква е натамошната судбина на старите батерии? Што ќе се случи со батериите од над 200.000 примероци од Nissan Leaf, 140.000 примероци од моделите на Tesla, над 100.000 плагин-хибриди Mitsubishi Outlander PHEV или 60.000 примероци од BMW i3? Тоа се само некои од моделите што поседуваат батерии во погонската спрега и чијшто број секоја година се зголемува за најмалку 1,5 милион.

Светот сепак не мора да стравува дека ќе биде преплавен со стари батерии, затоа што тие имаат и „втор живот“ по автомобилот. BMW, на пример, соработува со енергетскиот концерн Vattenfall, кој старите батерии од електромобилите ги користи за „акумулирање“ на енергијата, за струјната мрежа да се напојува и во периодот кога сончевите колектори или ветерниците не можат да произведуваат струја или секогаш кога е потребно стабилизирање на напонот.

Домаќинствата што располагаат со фотоволтаички колектори можат да ја акумулираат неискористената соларна струја во стационарни акумулатори. Mercedes веќе основаше специјализирана фирма за производство и продажба на стационарни батерии:

mercedes domasen akumulator

Mercedes, поточно неговиот концерн Daimler, исто така соработува со неколку компании од енергетскиот сектор, кои старите батерии ги користат во акумулациски систем со капацитет од 13 мегаватчасови – не зачудува што тоа е најголемиот акумулатор од стари автомобилски батерии во светот. Вкупно 1.000 батериски системи се поврзани во блок и тој би требало да работи без проблеми во следните десет години.

Со капацитет од неколку гигаватчасови, батериите ќе „покријат“ цела држава

Како што во иднина ќе се зголемува бројот на електрични автомобили, соодветно ќе расте и капацитетот на овие батериски системи со втор живот, до вредност од неколку гивататчасови.

mercedes domasen akumulator

Батериите не мора секогаш да се менуваат комплетно. Доколку се оштети некој од батериските модули, кај Mitsubishi EV или Outlander PHEV може релативно евтино да се замени само тој модул, место целата батерија.

Индустриско рециклирање на батериите уште не постои – треба повеќе возила

Некогаш сепак ќе дојде време кога батериите повеќе не може да се користат и мора да се рециклираат. Тоа што е највредно да се искористи од батериите не е литиумот, туку кобалтот и никелот. На тој начин, овие скапи метали може да се користат во производството на нови батерии. Во моментов не постојат индустриски капацитети коишто ќе можат рентабилно да ги рециклираат старите „чувачи на струја“. За тоа е потребно бројот на електрични автомобили да продолжи да се зголемува, односно повеќе батерии да се вратат во производствениот синџир.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

168
22 shares, 168 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743