186
23 shares, 186 points

Шеста година избрани сопственици и колекционери на Ferrari се собираат на „кавалкада“ со своите скапоцени парчиња од Маранело. Стотина фераристи годинава возеа во Апулија, во чест на 70-та годишнина на марката.

Шестото издание на кавалкадата на Ferrari се одржа во италијанската Апулија во минатиов викенд. Нешто повеќе од стотина фераристи пристигнаа од целиот свет да учествуваат на ова патувачко шоу од единствен вид. На настанот можат да учествуваат само најверните клиенти и колекционери, кои секоја година ги посетуваат најубавите предели на Италија, Мисијата е една: Да се сподели страста за автомобилите од Маранело.

Ferrari цела година го одбележува јубилејот со низа настани

Базниот камп на кавалкадата беше организиран во Борго Егнација, ресорт во близина на Савелетри, во делот од јадранското крајбрежје што ги спојува Бриндизи и Бари. Учесниците оттука појдоа на нивната рута по питорескните краишта во овој дел од Италија, посетувајќи ги специфичните села и градови за регионот. Комбинацијата од медитерански шарм и патишта за уживање во возењето беше проследена и со духот на прославата на 70-годишнината на марката. Маранело годинава организира низа настани во чест на јубилејот од својот прв автомобил. Оттаму започна да се развива една од највозбудливите марки во историјата на автомобилизмот.

Some shots that best sum up the beauty of Italy and the emotions of the #Ferrari #Cavalcade2017. #Ferrari70

Posted by Ferrari on Monday, June 26, 2017

Тоа што учесниците пристигаат од преку 30 земји и од сите пет континенти го докажува тоа што било јасно отсекогаш. Ferrari е глобално позната и прославувана марка, страста за спортските машини од Маранело е подеднаква насекаде. Вредноста на автомобилите на собирот исто така е за внимание. Некои помалку, некои повеќе, вредноста на сите автомобили на кавалкадата надминнува 100 милиони евра.

На кавалкадата главно се возеа модели од последните годишта, почнувајќи од GTC4Lusso и F12tdf до California T и 488 Spider. Дијамант во круната беа неколкуте примероци од лимитираните моделски серии, како F40, F50 или Enzo. Секако дека на настанот учествуваше и LaFerrari Aperta, моделот што е изработен посебно во чест на седумдесетгодишнината на Ferrari.

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017

https://www.flickr.com/photos/127653547@N06/35627196935/in/album-72157682888940093/

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017

Ferrari Cavalcade 2017


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

186
23 shares, 186 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730