за

Испорачани првите примероци од Bentley Bentayga

Bentley денес ги испорача првите примероци од суперлуксузниот теренец Bentayga. Повеќето од првите сопственици го нарачаа скапиот автомобил уште на невидено. Продажбата ги надмина очекувањата на благородната британска марка.

На голема свеченост во седиштето на Bentley Motors во Кру денес беа испорачани првите примероци од најскапиот, најлуксузниот и најбрзиот теренeц во светот. Bentayga пристига како четвртата моделска серија на Bentley, покрај Continental GT, Flying Spur и Mulsanne, а интересот на пазарот за скапиот теренец ги надмина и најоптимистичките очекувања на компанијата.

Првите сопственици на Bentayga имаа привилегија да ги посетат сите одделенија во фабриката, како и да се запознаат со луѓето што беа задолжени за конструирањето, дизајнирањето и производството на новиот модел на благородната британска марка. Производството на еден примерок од Bentayga трае над 130 часови. Bentley досега има примено над 5.000 нарачки за новиот модел.

Кевин Роуз, одговорен за продажбата, маркетингот и постпродажбата во Bentley Motors: „Клиентите што ни се придружија на настанот го следеа патувањето на Bentayga уште откако за првпат излеговме со идејата за спортски теренец на Bentley и беа меѓу првите во светот што се потпишаа во книгата за нарачки на првата серија од моделот – долго пред воопшто да го видат конечниот модел.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scooter Zero: Segway што изгледа како скутер – и чини двапати повеќе

Mercedes го пушта GLC Coupe како конкурент на X4