159
21 shares, 159 points

Во изминатите шест месеци, берлинскиот таксист Отфрид Ренебарт користи Mitsubishi Outlander со хибриден погон и надворешно полнење на батериите. Многу факти одат во корист на штедливиот и чист погон.

Во 12-часовната ноќна смена, Ренебарт минува просечно 170 километри на територијата на Берлин и во околината. Mitsubishi Outlander PHEV во поголемиот дел од турите низ градот го користи само електричниот погон. Во периодите од ноќта кога стивнуваат повиците за такси превоз, Германецот ги полни батериите на брзиот полнач за струја што е поставен на прометниот Постдамер Плац и дониран е од Mitsubishi за градот, при што батериите се полнат до 80 проценти за само половина час. Возачите на електрични автомобили и хибриди со надворешно полнење имаат на располагање уште неколку полначи низ Берлин.

Пет литри бензин во град, со план да се намали на три

„Одушевен сум од тивкото возење и од забрзувањето, но и од потрошувачката. За половина година поминав преку 22.000 километри, со просечна потрошувачка на бензин од околу пет литри во градски услови. Доколку почесто би ги користел брзите полначи, во следните месеци би можел да ја намалам потрошувачката на три литри,“ зборува таксистот за своето искуство со комотниот теренец со хибриден погон.

Mitsubishi Outlander PHEV се користи како возило за такси превоз и рентакар во повеќе земји во светот уште од стартот на продажбата на моделот во 2014 година. Јапонскиот специјалист за електричен погон нуди збогатена гаранција за такси возилата што ги испорачува и за моторот, хибридниот систем, батериите, менувачот и системот за гориво гарантира техничка беспрекорност до 400.000 километри, место до 100.000 километри во петгодишен период – бесплатно.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
21 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743