138
19 shares, 138 points

Во музејот на Porsche во Штутгарт, до јануари ќе бидат изложени 16 уникатни возила, од коишто повеќето се апсолутно непознати во јавноста. Збирката опфаќа тајни студии, маскирани прототипи, пробни и развојни возила.

Развојот на нови технологии, истражувањето и експериментирањето се врежани во коренот на марката Porsche. Ако се има во предвид дека денес во фирмата работат повеќе од 4.500 инженери, друго и не може да се очекува. Но, патот до иновациите не е лесен. Голем број идеи не успеваат да влезат во сериското производство, поради технички или економски проблеми. Повеќето од овие идеи сепак завршуваат во форма на истражувачки проекти или студии. Најчесто се работи под строга тајност и возилата никогаш не го напуштаат развојниот центар на Porsche во Вајсах. По завршувањето на проектот, овие возила обично се уништуваат. Најважните и највозбудливите проекти сепак завршуваат во музејската збирка на Porsche и токму оттаму доаѓаат овие 16 возила, од коишто повеќето првпат се појавуваат во јавноста.

Во 1973 година беше конципиран истражувачкиот проект за долготраен автомобил FLA, како одговор во времето на нафтената криза. Од таа ера потекнуваат и рекордерскиот Porsche 924 и истражувачкиот модел од типот 995. Следната декада во музејот е претставена преку седум експонати, меѓу кои возило за истражување на аеродинамиката врз основа на Porsche 959, потоа 928 Cabriolet и студијата на родстер од типот 984 – последнава првпат излегува во јавност. За прв пат се прикажува и прототипот од тркачкиот Porsche 965, со водено ладен мотор V8 во опашот.

Од 1990-те години потекнуваат нереализираните проекти како „семејниот спортски автомобил со четири врати“ Porsche 989, чијшто дизајн требаше да послужи како дизајнерска основа за идните модели на марката. Уникатен е и типот 986 А4. Овој прототип врз база на Porsche 911 Targa (тип 964) беше користен за тестирање на концептот на возило со централен мотор за серијата Boxster. Од поновата историја потекнува маскираниот прототип на Panamera, како и неколку возила за истражување на хибридниот погон. Музејот на Porsche во Штутгарт работи секој ден од 9 до 18 часот, влезницата чини осум евра.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730