181
26 shares, 181 points

Тука почнуваат проблемите, за некого слатки, за друг горчливи. Луксузни лимузини и теренци стануваат достапни во оваа старосна категорија, исто како и спортски модели од соништата. Но, тука почнуваат и игрите на дилерите, оние нечесните игри. Извештај на ТУВ за возила стари меѓу 6 и 7 години.

Препораката за избор на автомобил во старосната категорија меѓу 6 и 7 години гласи, Porsche 911! Според експертите на светски признаениот ТУВ, кај спортскиот класичар се појавуваат дефекти кај 7 од сто возила во оваа категорија. За споредба, кај најлошите модели по шест години се појавуваат дефекти кај 30 од сто возила. Проблемот кај единаесетката е „само“ цената. И фактот што спортски автомобил за секој ден не му е потребен секому.

Добриот глас ја држи добро и вредноста на одредени модели на пазарот

Втор модел со најдобри препораки е Audi Q5, а во оваа група високо котира и Honda CR-V. Тоа што комфорниот кросовер избива на самиот врв во оваа категорија кажува дека Јапонците не го „калкулираат“ квалитетот, за возилото да издржи без поголеми проблеми четири пет години, туку да издржи колку што може повеќе. Kia Venga, Ford Fusion и Toyota Yaris ќе ги израдуваат купувачите што бараат одлична противвредност.

Во оваа старосна категорија се отвора широк простор за игра, но со тоа расте и просторот за утка. Понудата на пазарот вклучува најлуксузни лимузини од ковот на Mercedes S-Class или Audi A8, масивни теренци, спортски икони. Сето тоа по цена на нов компакт. Мамката е квалитетна, но загризувањето може да биде кобно за буџетот.

Резервни делови носат 20% од прометот на автоиндустријата

При избор според принципот „дај го најголемиот автомобил за парите“ е најголем и ризикот. Претходните сопственици на возила од најскапите класи, обично ги продаваат своите миленици кога претстои скапа поправка, или кога разумот се појавува на сцената, па сервисирањето и одржувањето на возилото стануваат прескапи. Може да се работи и за „жежок“ автомобил, или уште поверојатно, за крстосувач што има извозено милион километри повеќе отколку што прикажува километражата. Возилата со застрашувачки високи километражи им се погодени на дилерите, кои со евтин потег го помладуваат возилото за две-тристотини илјади километри и со тоа заработуваат по две-три илјади евра од манипулирано возило.

Чип-тјунингот не е аргумент за продажба на автомобил, барем не кај возила кои само што не испуштиле душа

Чип-тјунингот е „стандард“ под хаубата кај повеќето големи автомобили што се достапни во оваа старосна категорија. Но, тјунингот не е заради моќност или брзина, туку барем за малку да му се врати душата на автомобилот. Кога станува збор за милионер, чипот е добар (а тоа значи евтин) трик, за потенцијалниот купувач да се убеди дека со возилото сé е в ред. Секако дека возилото е далеку од тоа. Со дополнителното напрегање што го дозволува „чипот“, само се влошува состојбата на возилото и прашање на време е кога ќе се случи тотален колапс.

Според контролорите на ТУВ, во оваа старосна категорија има неколку скапи утки. Volkswagen Tiguan и Passat CC ги разубедуваат верниците во германската марка, со пласманот во групата со најмногу дефекти. Купувачите што очекуваат со Kia Sportage да обезбедат добар семеен автомобил за следните неколку години, исто така немаат среќен избор со овој модел. Ford Galaxy е надвор од игра и со каросерискиот концепт и со издржливоста, исто како и техничкиот близнак Volkswagen Sharan, кој за влакно се спаси од опашот на табелата.

Најиздржливиот модел на Peugeot и Citroen е Toyota Aygo

Долги години познавачите се шегуваат околу меѓусебните односи во триото Peugeot 108, Citroen C1 и Toyota Aygo. Најиздржливиот и најквалитетен француски автомобил во историјата е Peugeot 108, алијас Citroen C1. Причината за тоа: Обата автомобила ја користат техниката што за триото ја разви Toyota, односно тоа се само „беџ-верзии“ на Aygo. Зошто приказната не е смешна за сите, може да се дознае на крајот на табелата.

Внимателно треба да се избира и меѓу понудите за BMW X3, за серијата 5 на BMW, Volvo S40/V50, Volkswagen Passat, Ford S-Max и Mondeo. Не е исклучена можноста да постои сериозен дефект кај овие модели, тоа е пораката од контролорите на ТУВ. Проверката на понуденото возило ќе покаже најдобро колку експертите се во право.

Извештај на ТУВ: Најрасипливи и најиздржливи модели меѓу 6 и 7 години

[tie_slideshow]

[tie_slide]

извештај на тув 6-7 1

 [/tie_slide]

[tie_slide] извештај на тув 6-7 2 [/tie_slide]

[tie_slide] извештај на тув 6-7 3 [/tie_slide]

[tie_slide] извештај на тув 6-7 4 [/tie_slide]

[/tie_slideshow]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
26 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743